Пред две децении, меѓу најголемите премиери на салонот во Женева беше новиот CL од генерацијата C 215, претходник на денешното купе од S-Class. Посебно внимание привлекуваше активното подвозје ABC.
Една од најголемите иновации на Mercedes во полето на безбедноста беше активното подвозје ABC. Но, иновацијата доби уште поголемо значење поради каросеријата во којашто таа беше „спакувана“ – во Mercedes CL од генерацијата C 215. Системот спречуваше секакво странично или надолжно задвижување на каросеријата, подобрувајќи ги стабилноста и комфорот.
Продажбата на CL започна во август 1999, пет месеци по премиерата на салонот во Женева на 12-ти март. Во почетокот беше достапен само CL 500 со мотор V8 со 306 КС, а една година подоцна пристигна CL 600 со дванаесетцилиндарец моќен 367 КС. Сцената беше одушевена од релаксираноста во возењето на скапоценото купе.
Проширувањето на понудата можеше да оди само угоре. Mercedes прво го понуди CL 55 AMG со 360 КС, а во 2001 година следеше и V12-варијантата CL 63 AMG со своите 444 КС.
Во споредба со C140, со купето од претходната генерација на S-Class, новиот модел беше значително помал, но и полесен за дури 340 килограми. Тоа овозможи многу поспортски возни својства.
Целиот свет го гледаше елегантното купе во неделите – за време на трките во формула 1, кадешто CL возеше како безбедносно возило
Врвот во изработката го постигна верзијата на специјалното одделение „designo“, со плочки гранит тенки 0,6 милиметар, поставени во средишната конзола, на вратите, на воланот и на рачката на менувачот.
Целиот свет се собираше да го види Mercedes C 215 во викендите – поточно, се собираше за трките во формула 1, кадешто од 2000-та возеше специјален CL 55 AMG како безбедносно возило.
Легендарниот и по малку контроверзен „гранитен“ кокпит на CL
Во септември 2002 година следеше моделско освежување, со четирите светла под бистро стакло и со нов изглед на браниците. Техничка сензација беше новиот V12 од 5,5 литри, со битурбо натполнење и 367 КС, вградуван во CL 600.
Не постоеше менувач способен да го издржи вртежниот момент на V12, затоа тој беше ограничен на 1.000 Nm
Една година подоцна следи новиот CL 65 AMG со 612 КС од шестлитарскиот V12 – секако, со битурбо натполнење. Спринтот до темпо сто трае само 4,4 секунди, што и не изненадува, покрај фактот што вртежниот момент на моторот е ограничен електронски на 1.000 њутнметри, поради тоа што менувачот не издржуваше повеќе.
До февруари 2006 се произведоа 47.984 примероци од CL од генерацијата C 215. Две третини од вкупното производство отпаѓаше на CL 500. Во продажниот проспект за моделот пишуваше: „Кога по возењето со CL-Coupe повторно ќе почувствувате цврста подлога под нозете, чувството е како да сте се разбудиле од убав сон.“
Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA
Mercedes-AMG се збогува со шестлитарскиот V12 во S-Class
Mercedes-AMG GLE 53 со мала напомена: Благ хибрид
Mercedes прави игралиште за G-Class во Австрија