за

Во Абу Даби почнаа да возат 99 автобуси Mercedes Citaro

Во Абу Даби почнаа да возат 99 автобуси Mercedes Citaro
Во Абу Даби почнаа да возат 99 автобуси Mercedes Citaro

Концернот Daimler испорача 99 градски автобуси Mercedes Citaro за Обединетите Арапски Емирати. Автобусите ќе придонесат за проширување и модернизација на сообраќајниот систем во Абу Даби.

Градските автобуси се со нископодна конструкција од типот Mercedes Citaro, коишто се произведуваат во фабриката на Daimler Buses во Манхајм, Германија и ја исполнуваат нормата за издувни гасови Euro VI. Одржувањето на автобусите е предмет на петгодишниот договор за комплетно сервисирање и одржување од страна на EMC CV (Emirates Motor Company Commercial Vehicles), генерален претставник на Mercedes-Benz во Абу Даби.

Откако Daimler Buses во 2009 година го направи првиот чекор со испораката на 100 примероци од Mercedes Citaro за Аби Даби, ова е вториот голем тендер на компанијата во Обединетите Арапски Емирати.

Цел на огранокот Daimler Buses е стратешки развој, кој предвидува освојување на нови пазари и глобално присуство.

Мадрид нарача 672 автобуси со погон на метан Mercedes Citaro NGT

Mercedes-Benz Citaro NGT

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Третиот модел на Polestar ќе конкурира на Tesla Model X

Ferrari по празен автопат со 372 km/h и со една рака

Ferrari по празен автопат со 372 km/h и со една рака