132
27 shares, 132 points

Кога се работи за автомобилите, Германците добиваат повеќе смисла за хумор од обично. Porsche 550 Spyder, првиот Porsche, прикажан е покрај најголемите легенди во музејот на Mercedes, на прочуената „ренкурве“. Отпрво се чини дека Mercedes му прави чест на соседот, но зад целата идеја се крие друга намера. И уште еден фантастичен маркетиншки потег

Porsche 550 Spyder среде прочуената „Ренкурве“ во музејот во Штутгарт, кадешто се прикажани најголемите тркачки легенди на Mercedes (ренкурве во превод е тркачки свијок), сигурно би ги збунило сите посетители. Така изгледа мотивот за честитката до музејот на Porsche, кој наскоро прославува десетгодишнина. Пораката гласи „добрите пријатели секогаш се добредојдени“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Штутгарт и околината, поточно во Унтертиркхајм и Цуфенхаузен, се наоѓаат домовите на двете марки. Porsche прославува десетгодишнина на музејот на 31-ви јануари. Во таа чест, во десетте денови по роденденот, Mercedes ги повикува вработените во Porsche бесплатно да го посетат неговиот музеј.

Симболиката што стои зад овој широкоград чин на марката со сребрената ѕвезда би можело да гласи: „Од нас започна автомобилизмот, во нашиот музеј се наоѓаат најстарите експонати“ или „Убаво е тоа што и вие имате музеј, но нашиот музеј е најстар“

Соработката меѓу двете марки сепак има многу подлабоки историски корени. Основачот на спортската марка, Фердинанд Порше, во 1906 година работи како технички директор, а од 1917 година и како генерален директор на австриската Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG или Друштво на мотори Daimler). Шест години подоцна, Порше ја презема функцијата на технички директор и член на управниот одбор на DMG во Унтертиркхајм. По спојувањето со Benz & Cie. и создавањето на Daimler-Benz AG, омилениот инженер на „адолф“ преоѓа во новиот упрвен одбор и одговорен е за комплетниот развој на возила, заедно со Ханс Нибел од Benz & Cie.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во постојаната изложба во музејот на Mercedes се наоѓаат повеќе возила од ерата на Порше: Тркачки Mercedes за Тарга Фиорио од 1924, Mercedes-Benz 12/55 PS од 1927, како и Mercedes-Benz Typ SS со мотор со компресорско натполнење од 1928 година.

Интервју со Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars: „Целта е добра, но и патот дотаму треба да биде убаво искуство“

Како Mercedes Actros го учеше Airbus 320 да вози

На Mercedes CLA му се посреќи во Лас Вегас

Сега и бебињата имаат сопствен Mercedes

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
27 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format