145
20 shares, 145 points

Mercedes би бил најсреќен кога светот би го третирал првото емитување на рекламните спотови за новите модели како настан од светско значење. Голем дел од „премиумот“ во имиџот, всушност произлегува оттаму

Премиум марките не се создаваат туку така, со одредување повисока цена и надмено поставување на персоналот за продажба. Сé околу премиум марките е премиум, на малку или малку повеќе повисоко ниво од вообичаеното и од достижното за повеќето.

Факт е дека голем дел од имиџот на премиум марките се создава преку рекламите. Кога започнува јавна кампања за нов модел, Mercedes најмногу би сакал кога светот би го сметал тоа како настан од светско значење. Денес стартува кампањата за освеженото моделско годиште на Mercedes C-Class. Мотото е „Не престанувај да се подобруваш“.

Мотивите што се избрани за кампањата на најпродаваната моделска серија од Штутгарт создаваат визуелна врска меѓу четирите каросериски верзии во гамата на Mercedes C-Class и врвните спортисти во светот. Идејата е во тоа дека Mercedes постојано ги усовршува своите модели, исто како и врвните спортисти, кои тренираат секојдневно за да станат уште подобри.

Спотот прикажува како тенискиот ас Роџер Федерер и јужноафриканскиот спринтер Акани Симбине тренираат во необични сценарија, како што е компјутерски потпомогнато усовршување на замавнувањата со рекетот или спринт среде ноќ. Дополнително се прикажуваат и сцени од голф, безбол, кошарка, пливање и танцување. Рапувањето во музичката придружба на спотот доаѓа од германско-ганскиот хипхопер Сериоз Клајн.

Пред неколку месеци, Мак Аутостар направи револуционерен подвиг на македонската сцена со рекламата за новата A-Class. За потсеќање:


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
20 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743