за

Mercedes развива паркирање без возач за Кинезите

автоматско паркирање, Daimler, Bosch, Кина

Mercedes и Bosch стартуваа заеднички проект во Пекинг, за автоматско паркирање на автомобилот во катни гаражи. За тоа е потребно и автомобилот и гаражата да поседуваат посебна техника

Во кинеските метрополи лесно може да се случи, паркирањето автомобил во катна гаража со помош на вештачка интелигенција да стане секојдневие. Daimler и Bosch започнаа заеднички пилот проект за автоматско паркирање во Пекинг. Тоа е прв пилот проект од ваков вид во Кина.

Преку користење мобилна апликација, возачот им препушта на паметните системи самостојно да го одвезат автомобилот до слободното паркинг место – и да го вратат назад. Како предности на системот се наведуваат заштедата во време и труд, како и избегнувањето стрес при барањето слободно место, затоа што целата постапка се одвива автоматски.

Кинеските возачи ги обожуваат мобилните апликации и секаква напредна технологија во возењето, како автоматското паркирање на Mercedes и Bosch. Единствено останува „класичниот“ вкус за големи лимузини

Постапката започнува со тоа што возачот го остава автомобилот на посебно предвидено место, по што ја вклучува апликација на својот мобилен телефон. Интелигентниот систем што е вграден во катната гаража го стартува автомобилот и го води до соодветното слободно место. Сензорите сето време го надгледуваат движењето на автомобилот, како и ситуацијата околу.

Avtomatsko Parkiranje Daimler Bosch Kina 1

Техниката во автомобилот ги следи наредбите што ги добива од системите во катната гаража и го запира автомобилот во случај на опасност или каква било пречка, пред возилото конечно да се паркира.

Кога возачот ќе го побара својот автомобил назад, единствено треба да внесе соодветно барање во апликацијата на мобилниот телефон, по што автомобилот автоматски се упатува во подрачјето што е предвидено за преземање на возилата.

Внимателно при паркирање на возилото врз сува трева

Вака ги „пакуваат“ погрешно паркираните во Штутгарт

Паркирање автомобил преку отпечаток од прстот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda superb

Чесите се противат Skoda Superb да се пресели во Германија

volvo автономен камион

На овој камион не му треба возач и тоа се гледа