за

Ѕвездата и венецот на Mercedes-Benz се стари 110 години

mercedes znak 110 godini
mercedes znak 110 godini

Пред еден век и десет години, на 24-ти јуни, Daimler-Motor-Gesellschaft поднесува барање за трикраката ѕвезда да се регистрира како заштитен знак на Mercedes. Конкурентот Benz & Cie два месеци подоцна го прави истото, со името Benz испишано врз дафинов венец. Знаците на различните марки се спојуваат при нивното здружување во 1925 година, кога се создава едно од најпрепознатливите обележја во историјата.

Трикраката ѕвезда во круг ги „зборува“ сите јазици на светов и секогаш го има истото значење. Во заштитниот знак на Mercedes се препознаваат луксуз и иновација. Според Interbrand, тоа е единствената германска марка во Топ 10 на „Најдобри светски марки за 2018 година“. Уште еден податок со којшто Mercedes обожува да се рекламира во последно време е повеќе од една милијарда допаѓања на инстаграм.

Идејата за трикраката ѕвезда потекнува од Паул и Адолф Дајмлер, синови на пионерот на автомобилизмот Готлиб Дајмлер, но пак врз основа на знакот што нивниот татко своевремено го црта на поштенска марка, во времето кога е директор во фабриката за мотори Deutz.

Вистинското значење на трите краци: Тоа се всушност три зраци, со коишто се прикажува намерата на Готлиб Дајмлер, моторите на Daimler да се користат во патни возила, бродови и авиони.

За настанокот на трикраката ѕвезда влијае и тоа што автомобилите на Daimler имаат успешна победничка серија на трките во Ница во 1901 година. Тогаш возилата првпат се појавуваат под името Mercedes, коешто е испишано во лак на маската на возилата на DMG. Во исто време и Benz & Cie., како заштитен знак за своите модели користи натпис „Original Benz“ напишан на црн запченик.

Овој запченик неколку години подоцна се претвора во дафинов венец, поради тркачките супеси на марката од Манхајм. Benz победува на трката Ст. Петерсбург-Москва во 1908 година, втор е на трката за големата награда на Франција и поставува два светски рекорди во Бруклендс.

Една од најраните верзии на знакот на Mercedes со четири мали ѕвезди во кругот · 1916 година
New photo by Automedia MK / Google Photos
Натписот Benz во дафинов венец, пријавен е за заштита на патент кај Кралската служба за патентирање на 6-ти август 1909 година
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Подоцна се спојуваат Daimler и Benz, а соодветно се менува и заштитниот знак. Тоа се случува во 1926 година, кога се добива денешниот изглед со трикрака ѕвезда во дафинов венец. Знакот го носат возилата на „новата“ марка Mercedes-Benz.

Колку моќна симболика носи знакот можеме да посведочиме и во Македонија, откако Мак Аутостар го постави знакот на покривот на премиум бизнис-центарот, пред салонот на Mercedes. „Нашата“ ротирачка трикрака ѕвезда е висока десетина метри заедно со основата и доколку се погодат условите се забележува и од врвот на Водно. Секако дека на секое минување покрај центарот, погледот не ја пропушта „ѕвездата“.

Ѕвездата првпат беше поставена на покрив на зграда надвор од концернот на 30-ти март 1965 година, кога 15-тонска ѕвезда висока 10 метри почна да ротира на покривот на центарот Европа, на прочуената Курфирстендам во Берлин.

По спојувањето на Daimler-Motoren-Gesellschaft со фирмата Benz & Cie., во 1926 година се создава новиот заштитен знак што го нагласува единството на двете фирми. Од Benz доаѓа дафиновиот венец, од DMG е трикраката ѕвезда
New photo by Automedia MK / Google Photos
Рекламен плакат од 1926 година
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes eqc displej електрични автомобили

Триесет електрични модели моментно во понуда: Старт од 15.900 евра

Lexus ES 300h Test 018_1

Lexus ES 300h официјално троши 5,5 литри според АДАК