167
21 shares, 167 points

Првпат во светот, возило може да се паркира целосно автоматски во катна гаража и без човечки надзор. Во тоа можат да се уверат посетителите на музејот на Mercedes во Штутгарт. Првпат во светот е издадено и официјално одобрение за систем за „безвозачко“ паркирање.

Bosch и Daimler поставија пресвртница на патот кон автоматизираното возење. Властите во покраината Баден-Виртемберг дадоа одобрение за системот и тој сега се наоѓа во секојдневна примена во катната гаража што работи во рамките на музејот на Mercedes во Штутгарт.

Секојдневно на посетителите на музејот им се прикажува постапката што може да стане вообичаена процедура во катните гаражи во иднина. Преземањето и враќањето на возилото се врши преку мобилна апликација, без потреба од возач во автомобилот. Првпат во светот, во јавна примена се најде ваков систем за целосно автоматизирано паркирање според ниво 4.

New photo by Automedia MK / Google Photos
По пионерскиот чекор, партнерите во овој технолошки подвиг очекуваат системот во блиска иднина да почне да се применува во светски рамки. Главниот предизвик за традиционалните иноватори Daimler и Bosch беше да се постигне безбедност во работата.

Постапката е наједноставна што може да биде. Возилото се остава на означеното место на влезот во гаражата, се излегува и преку мобилна апликација се издава команда за возилото да се паркира. Додека возачот и патниците веќе се упатени кон своето одредиште, техниката го движи возилото до слободното место. Истата процедура се одвива при повикување на возилото.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сензори на Bosch се поставени во гаражата и комуницираат со системите во возилото. Доколку сензорите откријат пречка, возилото веднаш запира. Развојот на техниката започна во 2015 година, за две години подоцна проектот да се реализира пробно во музејската гаража на Mercedes. Лани посетителите веќе можеа да ја следат процедурата, но зад воланот секогаш мораше да седи лице во случај на потреба од интервенција.

New photo by Automedia MK / Google Photos


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *