164
82 shares, 164 points

За чистење на снегот од патиштата во Шведска е потребна силна машина. Mercedes Arocs 3258 8×4, на пример. Јонас Викандер има задача да ги одржува проодни патиштата на северот на Шведска, во периодот од октомври до мај.

Моќност од 578 коњски сили е доволна кога Јонас Викандер поаѓа во чистење на снегот од патиштата во северозападниот регион на скандинавската земја. Седум месеци во годината, овој Швеѓанец е задолжен да го турка снегот од патот, по делницата во должина од 91 километар во правец на Норвешка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Покрај предниот снежен плуг, на Mercedes Arocs 3258 8×4 е монтиран уште еден плуг отстрана, висок 1,8 метар. Постои и трет плуг, кој се наоѓа под возилото. Трите плугови се на растојание од само неколку сантиметри од подлогата. Гумите на првите три оски поседуваат клинови, или жаргонски, „спајкови“. По скандинавските снегови, имало случаи кога Јонас морал да поставува и синџири за снег.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За чистење на оваа делница се потребни околу 4 часови. Потреба од ангажирање на возилото може да се јави во секое време од денот и ноќта. Честопати е потребно снегот да се чисти 24 часа дневно, при што на Јонас му помагаат уште двајца возачи. Во тие денови, трите камиони можат да извозат заедно и до 1.000 километри.

Покрај тоа што е неопходна издржлива техника, и возачите мора да бидат со цврст карактер. На половината од делницата нема телефонски прием, ниту пак може да се воспостави радио врска. На видеото долу сепак се покажува поразлична атмосфера.

En film från torvsudet 😁

Posted by J.Vykander Entreprenad AB on Saturday, January 20, 2018

Камионите се подобри олдтајмери

Како Mercedes Actros го учеше Airbus 320 да вози

Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам

Електричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
82 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *