Луксузот може да биде во најразлични форми. Тоа секако дека важи и за спортските обувки. Mercedes-AMG заедно со Santoni создаде нова колекција обувки, достапни во бутиците на престижната италијанска марка и за онлајн-нарачка.
Дизајн за сите времиња, избрани материјали и врвен квалитет. Двете марки во оваа соработка, Mercedes-AMG и Santoni, ценат дека заеднички ги поседуваат овие својства. Santoni е италијанска марка луксузни обувки и долгогодишен партнер на производителот на автомобили од Штутгарт. Ново поглавје на соработката е ексклузивната колекција спортски обувки „Santoni for AMG“. На социјалните мрежи веќе стартуваше кампања под обележувачот #neverstandstill. Колекцијата се состои од дамски и машки обувки, достапна во бутиците на Santoni, како и онлајн на www.santoniforamg.com.
Овие партнери по луксуз ја замислиле колекцијата за модерна целна група, што негува посебен животен стил, а обувките се создадени со цел да бидат совршен придружник на љубителите на AMG во секојдневието.
Mercedes-AMG како марка не се однесува само на возните перформанси, туку и отелотворува точно одреден животен стил.
Тобијас Моерс, шеф на Mercedes-AMG GmbH
Црвената боја е клучен визуелен елемент во стилскиот израз на AMG, којашто доаѓа до уште поголем контраст во темната средина на моделите на спортската подмарка на Mercedes. Тоа може да го потврдат возачите и љубителите кои имаат „свежа“ слика за возилата. Овој принцип во основа се следи и кај обувките од соработката со Santoni.
Цените на „Santoni for AMG“: Меѓу 450 и 500 евра.