140
41 shares, 140 points

Mercedes-AMG ја крунисува историјата на 6,0-литарскиот мотор V12 од S-Class со специјалната серија S 65 Final Edition. Лимузината ќе се изработи во само 130 примероци и наменета е за колекционери и љубители на дванаесетцилиндарци. Опремата и завршната изработка се на ниво на мануфактура.

Mercedes-AMG S 65 Final Edition е изработена единствено во високосјајна обсидијан-црна боја на каросеријата, со специјални бандажи од 20 инчи и со решетки на отворите за воздух во посебна бронзена боја. Самоуверениот настап го заокружуваат издувни цевки во црна боја, полирани до висок сјај.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста е обложена со ексклузивна и супермека напа-кожа во црна боја, со штепови во бронзена боја и со украсни делови од карбон, низ кои исто така се провлечени влакна во бронзена боја.

Како што доликува на ексклузивна серија, на средишната конзола е поставена плочка „1 од 130“, со соодветниот сериски број на моделот. Фамозната плочка со името на мајсторот што го склопил моторот, место во сребрена боја, кај Final Edition е посебно изработена во црна боја.

Топ-изведбата на 6,0-литарскиот битурбо V12 располага со 630 КС и вртежен момент од точно 1.000 њутнметри од 2.300 до 4.300 вртежи

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во опременоста не смее нешто да недостига: Панорамски покрив, две фотелји назад, бизнис конзола со разладувани држачи за чаша. Во седиштата се вградени до 12 електромотори, кои го дотеруваат седиштето точно според телото. Стандардно следи и „возачки пакет“, со кого крајната брзина се поместува на 300 km/h. Ова е сепак AMG.

Mercedes-AMG GLE 53 со мала напомена: Благ хибрид

Mercedes прави игралиште за G-Class во Австрија

Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот

Безбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
41 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *