124
17 shares, 124 points

Приватните тркачки тимови во GT3 имаат нов болид од Mercedes-AMG за следната сезона. За време на 24 часа Нирбургринг беше претставена новата изведба на Mercedes-AMG GT3, со бројни дотерувања во техниката. Тркачот ќе биде подготвен точно за десетгодишнината на одделението за приватни тркачки автомобили од Афалтербах. Цената: Од 400.000 евра.

Бројката нема да ги изненади само добрите познавачи на мотоспортот: Од 2015 година наваму, Mercedes-AMG има испорачано 130 примероци од AMG GT3. Неговиот претходник беше SLS AMG GT3, кој во 2010 година го означи почетокот на одделението на Mercedes-AMG што се грижи за приватните тркачки тимови. На 24-часовниот маратон на најпредизвикувачката тркачка патека во светот, Нордшлајфе, викендов имаше премиера новата изведба на GT3.

Тимовите најмногу ќе ги радува тоа што 6,4-литарскиот V8 – атмосферец, како поинаку – во иднина ќе мора да се „отвора“ многу поретко заради замена на одделни компоенти, со што се смалуваат трошоците. Има и подобра заштита за моторот и помошните агрегати, во случај на помала незгода.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На инженерите и техничарите ќе им биде полесно да ги дотеруваат спојлерите и сплитерите, како и да го заменат филтерот за воздух. Светски новитет во тркачки автомобил е тоа што истрошеноста и состојбата на деловите од возилото се мерат и следат автоматски, без потреба од рачно мерење и мачно запишување. Тоа исто оди на име на смалување на трошоците.

Новитет е автоматското стартување на моторот кога AMG GT3 ќе се спушти од сопствените дигалки

Новитет кај AMG GT3 за сезоната 2020/21 е дроп-старт, односно автоматско стартување на моторот, кога возилото ќе се спушти од сопствените дигалки. Тркачкиот АВЅ се дотерува уште пофино и според спецификациите за новите генерации гуми. Истото важи и за контролата на тракцијата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Светлата имаат сменет изглед и се поефикасни, полесно се ракува со системот што му обезбедува вода за пиење на возачот, а со доплата се добива и вентилирано седиште или вентилиран шлем. Тоа што влијае директно врз времето на тркачка патека се оптимираните спојлери, перки и дифузори.

Првите испораки ќе следат кон крајот на 2019 година, за тимовите да влезат подготвени во следната сезона. На тимот на AMG му преостануваат уште неколку „ситни“ тестирања, како 30-часовно возење под полна гас на тркачка патека. Тоа ќе се случи со прототипи, на неколклуи избрани трки, во соработка со тимот HWA, инаку фирма за мотоспорт во сопственост на Ханс Вернер Ауфрехт, кој фактички го основаше AMG.

Технички податоци за новиот Mercedes-AMG GT3

Мотор AMG 6,3-литарски V8, атмосферски (6.208 cm3)
Менувач Секвенцијален 6-степен тркачки менувач AMG
Електроника Посебна верзија за мотоспорт, со повеќекратно приспособлив ABS и AMG TRACTION CONTROL
Бандажи/Гуми AMG бандажи, 18″, ковани

[напред 325/680-18 / назад 325/705-18]

Сопирачки [напред 390 mm / назад 355 mm]
Подвозје Двојни попречни водилки напред и назад

Двојно приспособливи амортизери за мотоспорт, приспособливи стабилизатори

Тежина < 1.285 kg*
Резервоар 120 литри
Должина 4.746 mm
Ширина 2.049 mm
Висина 1.238 mm
Цена 399.000,- ЕВРА, нето (Sprint Spec.)

Трикратна ѕвезда во салонот на Mercedes: Цивилен болид AMG GT R

Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1

Mercedes-AMG CLA 35: Комби жолто како завист, со 306 КС

Како новиот Mercedes GLE стана „танцувачкиот автомобил“

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

124
17 shares, 124 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

2 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    1. За тркачките автомобили обично не се наведуваат податоци за коњските сили и максималниот вртежен момент, затоа што се работи во рамките на правилникот што ги пропишува границите до кои смеат да се вршат преправките во погонската спрега и во сите останати подрачја на возилото