133
20 shares, 133 points

Моделското семејство на AMG GT добива уште еден член. Со бројни модификации на моторот, подвозјето, сопирачките, дизајнот и внатрешноста, AMG GT S Roadster постигнува долнителна спортска нота наспроти стандардната изведба со 476 КС. Врвот и натаму е резервиран за GT C Roadster со 557 КС.

Mercedes-AMG GT S Roadster 1

Четирилитарскиот V8 со битурбо натполнење тука располага со 522 КС и вртежен момент од 670 Nm меѓу 1.900 и 5.000 вртежи. Спринтот до темпо сто трае 3,8 секунди, крајната брзина изнесува 308 km/h. Преносот на силата до задната оска е преку седумстепен менувач со двојна спојка, кој во најдобриот манир на трансаксијалната конфигурација на погонската спрега се наоѓа назад.

Активно подвозје како стандардна опрема во AMG GT S Roadster

GT S стандардно доаѓа со активно подвозје AMG Ride Control, коешто автоматски ја приспособува амортизацијата на секое тркало. На располагање има три модуси: Комфорен, спортски и спорт плус, а дополнително и модус дотеран лично од возачот.

Mercedes-AMG GT S Roadster 4

Врз работата на погонската спрега се влијае преку AMG Dynamic Select. Тука исто така може да се избира меѓу комфорен, спортски, спортски плус и индивидуален модус, но дополнително има тркачки модус. Во сетапот е вклучен и спортскиот издув.

Mercedes-AMG GT S Roadster 3

Како опција може да се доплати за керамички спортски сопирачки, со пречник од 402 милиметри напред и 360 милиметри назад. Целта да се постигне лесна конструкција е присутна насекаде, почнувајќи од алуминиумските каросериски панели, до примената на магнезиум за механизмот на покривот.

Нарачките во Афалтербах се веќе отворени, испораката стартува во јули.

Морало прв да се поседува нов модел: AMG GT Edition 1

Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

Auto Bild: Какви се M3, C 63 AMG и IS F како користени автомобили?

Специјална серија од GT C Roadster за 50-годишнината на AMG

Овие суперспортски автомобили имаат помалку КС од Mercedes-AMG E 63 S


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
20 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *