за

Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1

mercedes-amg gt r bezbedosen auto f1

Болидите во формула 1 во новата сезона треба да се уште побрзи од лани. Како и во претходните години, Mercedes го испорачува безбедносниот автомобил. Но, и тој се подготви соодветно за новите предизвици, во форма на AMG GT R.

Викендов започна новата сезона во Формула 1 со трката во Мелбурн, Австралија. Исто како во последните 23 години, Mercedes и во новата сезона го испорачува официјалниот безбедносен автомобил, овојпат во форма на Mercedes-AMG GT R. За возачите да не му префрлуваат повеќе на Бернд Мајлендер дека пребавно ги вози безбедносните кругови, Mercedes реагираше соодветно и му даде екстра моќи на поранешниот тркач, ангажирајќи го топ-моделот на AMG.

Со 585 КС, Mercedes-AMG GT R е најмоќниот безбедносен автомобил на сите времиња

Со 585 КС, AMG GT R е најмоќниот безбедносен автомобил на сите времиња и ќе биде во состојба барем малку да го држи под контрола „чопорот“ од бесни болиди зад себе. Мајлендер исто така се радува за својот нов службен автомобил: „Во поглед на возната динамика, автомобилот е апсолутен врв и се наоѓа скалило повисоко од AMG GT S од минатите години. Нормално, безбедносниот автомобил треба да се користи што е можно помалку, но кога ќе биде потребно да се водат формула 1 болидите, со AMG GT R сме одлично подготвени,“ коментира поранешниот тркач.

[tie_slideshow]
[tie_slide]

Досегашните безбедносни автомобили на Mercedes-AMG во формула 1

  • C 36 AMG (1996/97)
  • CLK 55 AMG (1997/98)
  • CL 55 AMG (1999/2000)
  • SL 55 AMG (2001/02)
  • CLK 55 AMG (2003)
  • SLK 55 AMG (2004/05)
  • CLK 63 AMG (2006/07)
  • SL 63 AMG (2008/09)
  • SLS AMG (2010 до 2014)
  • AMG GT S (2015-2017)
  • AMG GT R (од 2018)

[/tie_slide]
[/tie_slideshow]

Новите правила бараат безбедносниот автомобил да им биде дораснат на екстремните предизвици на патека за формула 1. Директорот на формула 1, Чарли Вајтинг, беше мошне јасен околу неговите очекувања од AMG GT R во новата сезона: „Безбедносниот автомобил мора да постави темпо со коешто пилотите во формула 1 ќе можат да ги одржуваат гумите и сопирачките во неопходното температурно подрачје. На тој начин ќе се избегнат проблемите на возачите додека го очекуваат продолжувањето на трката.

GT R е тркачки автомобил со регистерска таблица

Според Mercedes, не постои друг сериски автомобил со толкав обем на тркачка технологија, како GT R. Четирилитарскиот V8 битурбо е вграден зад предната оска, подвозјето е преработено, аеродинамиката исто така, има и многу карбон. Трагите на обете оски се проширени, заради постигнување оптимална тракција и повисоки брзини во свијоците. Покрај тоа, активниот систем за аеродинамика во подот на возилото се грижи GT R да постигне уште подобар контакт со подлогата, заедно со големиот заден спојлер.

Разликата со „стандардниот“ Mercedes-AMG GT R е незначителна, потенцијалот е извлечен до максимум

Дури и светлата на покривот се наоѓаат на карбонска купола, чијашто форма се грижи за оптимално струење на воздухот до фиксниот заден спојлер. Бројките докажуваат: Спринт за 3,6 секунди и крајни 318 km/h.

Mercedes-AMG GT R извозе нов рекорд на Нирбургринг

Mercedes-AMG GT R: Овој е излезен од „Зелениот пекол“

Овој Mercedes прави Panamera да изгледа здодевно

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Mission E Cross Turismo

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид

АДАК Тест на летни гуми 2018

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите