135
18 shares, 135 points

Кусо пред зимската пауза, Mercedes-AMG GT R извозе ново рекордно време на Нирбургринг. На тест-возењето на магазинот Sport Auto, овој „ѕвер од зелениот пекол“ ја мина патеката за време од 7:10,9 минути, побрзо од кој било спортски автомобил тестиран од специјализираниот магазин.

Дваесет километри и осумстотини метри и 73 свијоци за 7:10,9 минути. Тоа е новиот рекорд што Mercedes-AMG GT R го постави на Северниот Јазол на Нирбургринг, познатиот „Зелен пекол“, еден од најголемите предизвици за машината и за возачот. GT-R го замени досегашниот лидер Porsche 918 Spyder на ранг-листата на тестирани возила на магазинот Sport Auto, подобрувајќи го времето за повеќе од две секунди. Надвор од времињата на Sport Auto, официјалниот рекорд и натаму му припаѓа на Porsche, со 6:57 минути.

Најголемиот дел од развојот, цивилниот болид со 585 КС го мина токму на Нирбургринг. Постигнувајќи го рекордот на магазинот Sport Auto, „ѕверот од Зелениот пекол“ ги докажа тркачките гени што ги поседува. Осумцилиндарецот со битурбо-натполнење и 585 КС во Mercedes-AMG GT R е вграден зад предната оска, во комбинација со менувач интегриран во задната оска. Во подвозјето се извршени бројни модификации во споредба со стандардниот GT, интервенирано е во аеродинамиката, задната оска исто така е управувана, гумите се изработуваат по специјална нарачка, голем број компоненти се заменети со полесни. Соодветно на тоа и цената на овој тркачки болид за редовен сообраќај изнесува над 165.000 евра.

http://automedia.mk/objavi/24949


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *