139
26 shares, 139 points

Mercedes-AMG вели дека воведната серија од новиот GT со 4 врати е лимитирана. Но, никаде не се соопштува на колку примероци е ограничен овој „Edition 1. Причината е во тоа што моделот е веќе самоограничен – со цената. Ограничување на бројот на примероци е непотребно.

Mercedes-AMG GT 63 S 4MATIC+ Edition 1 става дополнителен нагласок на спортската линија и на изработката во кабината. Тоа подразбира ковани AMG-бандажи од 21 инчи, седишта AMG Performance или волан обложен со микрофибер, со жолти штепови. Најважното секако се 639-те коњски сили на четирилитарскиот V8 со битурбо натполнење.

Со четири врати и основа од AMG GT, оваа креација буквално е тркачки автомобил со дозвола за возење по улица

Edition 1 е достапна исклучиво со врвната моделска изведба на новиот AMG GT со 4 врати, или оригинално „4-Türer“. Со 639 КС и 900 њутнметри при 2.500 вртежи, овој Panamera-Killer спринтува за 3,2 секунди до сто и постигнува 315 km/h.

По желба и со солидна доплата, веќе ексклузивниот модел може да стане уште поексклузивен со ноќен пакет, аеро-компоненти од карбон, керамички сопирачки или задна клупа од „висока класа“.

Испораката ќе стартува во септември, но тоа нема да се случи без претходен спектакл. Светот за првпат ќе ја види „Edition 1“ од AMG GT со 4 врати за време на 24-часовната трка на Нирбургринг во претстојниов викенд.

Цената? Тоа е „лимитиран“ податок.

[FAG id=32206]

Забава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

Без врева, а ги има 15 на број: Овие Мерцедеси возат со две срца

Лимузинскиот Mercedes A-Class ќе вози во Кина

Новиот Mercedes A-Class ѕирна од македонскиот ценовник

Audi што требаше да биде Mercedes

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
26 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *