130
28 shares, 130 points

Големиот теренец на Mercedes дојде на ред за третман во AMG. Резултатот се 435 КС, но и потрошувачка под десет литри. Под хаубата работи благ хибрид, како погонска изведба којашто (уште) почесто ќе се спомнува во наредниов период.

Mercedes-AMG GLE 53 4Matic пристига како прва моделска изведба од новиот GLE којашто минува третман за моќност во специјализираната подмарка во Афалтербах. Трилитарски бензинец со шест цилиндри во линија и моќност од 435 КС, работи во комбинација со погон на сите тркала, 9-степен автоматик – и благ хибрид, како техника што веќе функционира во неколку модели, под името EQ Boost.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во подвозјето стандардно следува пневматска амортизација, со електромеханичко спречување на странично и надолжно задвижување на каросеријата. Моќникот во гамата на Mercedes GLE се препознава по маската со 15 вертикални пречки. На списокот на дополнителна опрема има бројни ставки што додаваат екстра доживување, од типот на спортски издув кој може да се придуши додека се вози во цивилизирана средина или пристап до „командите за бес“ директно од воланот.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Стартер-генератор ги заменува стартерот и алтернаторот, и покрај тоа што меко и брзо го стартува моторот, испорачува и дополнителна моќност, користејќи ја енергијата што во малата батерија се акумулира при секое сопирање; Тоа е плус во комфорот и минус во потрошувачката

Суштината на Mercedes-AMG GLE 53 е во трилитарскиот бензинец со битурбо натполнење, но малку поразличнио битурбо: Едниот турбокомпресор е класичен, вториот компресор е електричен. Моќноста е 435 КС, вртежниот момент достигнува 520 њутнметри. Стартер-генераторот краткотрајно испорачува плус 22 КС и 250 њутнметри. Сето тоа работи со дополнителна 48-волтна мрежа. Спринтот до темпо сто трае 5,3 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Пневматската амортизација ја нуди можноста каросеријата да се спушти постојано за 15 милиметри при вклучување на спротските програми. Во комфорната програма, подвозјето самостојно се спушта за 15 mm над брзина од 120 km/h. Бидејќи освен по асфалт, GLE 53 AMG е способен да вози и по терен, на располагање стои можност растојанието од подлогата да се зголеми до 55 mm – при миривање или при возење, сеедно.

Управувањето работи со променлив преносен однос. Впечатливи се димензиите на сопирачките дискови: Напред 400 x 36 mm, назад 345 x 25.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Може да се избира меѓу дури седум програми за возење: Мраз, комфор, спорт, спорт+, индивидуално, земја и песок. За секоја програма следи и различен приказ во дигиталните инструменти. Новиот инфо-забавен систем MBUX секако дека не отсуствува во брзиот и престижен СУВ.

Технички податоци · Mercedes-AMG GLE 53 4MATIC+
  • Цилиндри/Конструкција: 6, линиски
  • Зафатнина: 2.999 cm3
  • Моќност на мотор: 320 kW (435 КС) при 6.100/min
  • Моќност на EQ Boost: 16 kW (22 КС)
  • Вртежен момент на мотор: 520 Nm при 1.800-5.800/min
  • Вртежен момент на EQ Boost: 250 Nm
  • Потрошувачка на гориво (просек, NEDC) 9,3 l/100 km
  • Емисија на CO2: 212 g/km
  • Забрзување 0-100 km/h: 5,3 s
  • Крајна брзина: 250 km/h

Mercedes прави игралиште за G-Class во Австрија

Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот

Безбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes

Електричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
28 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *