Денешните автомобили ги надминуваат рамките на своите класи и концепти. За изведбата на новиот Mercedes GLB со 306 КС не се знае што е попрво: Седумсед, теренец, тркачка машина, подвижна канцеларија… А, зошто некој воопшто би се побунил за тоа?
Mercedes постепено ја развива моделската понуда на идниот бестселер во својата СУВ-гама. По домаќинските и разумни моделски изведби сега е редот за Mercedes-AMG GLB 35 4Matic, односно за верзија подготвена од спортската подмарка во Афалтербах. Швабите се горди на тоа што имаат единствена комбинација., Дволитарскиот турбо со 306 КС, во комбинација со осумстепен менувач со двојна спојка и варијабилен погон на сите тркала AMG Performance 4Matic, ги „спринтува“ седуммината патници за 5,2 секунди сто темпо сто. На тоа следуваат и класичните вредности, од типот на седење на повисоко, многу простор и теренска проодност што го следи примерот од G-Class.
Моторот со 400 њутнметри од 3.000 вртежи нагоре е познат од AMG-варијантите во A-Class и CLA, заедно со сета примерна техника што тој ја поседуваа тоа значи: Лесно вртење, twin-scroll турбо, варијабилна работа на вентилите Camtronic или пиезо-прскалки. Познат „трик“ на моторот, поточно на електрониката, е додавањето меѓугас при префрлување во понизок степен, во стилот на рели-возачите. Функцијата на старт со полна сила, Race Start, следува стандардно.
За работата на погонската спрега и подвозјето може да се избира меѓу пет програми: Лизгаво, комфор, спорт, спорт+ и индивидуално. Со овој избор се влијае соодветно врз реакцијата на моторот, менувачот, подвозјето и управувањето. Во спортските програми автоматски се вклучува и таканаречена функција на агилност, односно се влијае врз распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски, работата на параметарското управување и чувствителноста на работата на ЕЅР.
Во нормални услови, погонот е напред. Во услови на лизгава подлога, њутнметрите се распределуваат во сооднос 50:50. Тоа е работа на спојката со електро-механичка регулација што е дотерана посебно во AMG. Регулацијата зависи од тоа кој од 3-те степени на работа на ЕЅР ќе се избере. Соодветно на тоа, GLB 35 може да вози спортски, но со нагласок на врвна безбедност, или пак се префрлува на максимална динамика.
Подвозјето е дотерано за високи брзини во свијоци, со мало странично навалување. Повеќето компоненти од водењето на тркалата се разликуваат од оние во „цивилните“ изведби на GLB, вклучувајќи ги сферичните зглобови и попречните водилки напред, или носачите на задните тркала и помошната рамка. Секако дека останува и типичниот комфор за Mercedes.
https://www.instagram.com/p/B1uXcp3o-Ws/
Технички податоци
|
Mercedes-AMG GLB 35 4MATIC |
Мотор |
2,0 литри R4, турбо |
Зафатнина |
1.991 cm3 |
Моќност |
225 kW (306 КС) при 5.800-6.100/min |
Вртежен момент |
400 Nm при 3.000-4.000/min |
Погон |
AMG Performance 4MATIC, варијабилен погон на сите тркала |
Менувач |
AMG SPEEDSHIFT DCT 8G со двојна спојка |
Потрошувачка |
7,6-7,5 l/100 km |
Емисија на CO2 kombiniert |
173-171 g/km |
Забрзување 0-100 km/h |
5,2 s |
Крајна брзина |
250 km/h |