за

Mercedes-AMG ја има „Фабриката на годината“

Mercedes-AMG фабрика на годината
Mercedes-AMG фабрика на годината

Фабриката за мотори на Mercedes-AMG првпат влезе во изборот и победи. Погоните во германскиот Афалтербах се избрани за „Фабрика на 2019 година“ од страна на светски експерти. Тука се произведува и M139, најсилниот турбо-четирицилиндарец со 421 КС, за Mercedes-AMG A45 и CLA45.

Спојот на мануфактурна изработка, според мотото „Еден човек, еден мотор“, со најсовремена организација на производство што се води како Индустрија 4.0, ги убеди експертите во изборот на најдобра фабрика за 2019 година. Во новата производствена линија на Mercedes-AMG во Афалтербах, моторите M139 и натаму се монтираат рачно од еден „Meister“, но за проверка на квалитетот, за логистиката и за одвивањето на производството се грижи најсовремена дигитална и интелигентна технологија.

Изборот за Фабрика на годината се одржува од 1992 година и инициран е од консултантската компанија A.T. Kearney и од специјализираниот магазин „Продукција“. Во состав на жирито влегуваат познати експерти од индустријата и науката.

Дигитални алатки им помагаат на специјалистите при монтажата на дволитарскиот четирицилиндарец M139 за најекстремните изведби во гамата на A-Class. Станува збор за најсилен турбо-четирицилиндарец од сериско производство, со 421 КС, и оттаму е сосем јасно дека не смее да се остави и најмал простор за отстапки од врвниот квалитет на изработка.

https://photos.app.goo.gl/gy52yzLJYDbrt8yk8

Жирито најмногу се одушеви од новата „монтажна кола“, на којашто се составува M139. При конструирањето на оваа носечка платформа беа консултирани самите монтери. Сите работни средства и алати се поставени ергономски на колата, а во неа е вграден и таблет, кој помага со прецизни работни упати. Нема хартија, сé е дигитално.

Новото работно место, за монтерите е како „Сино небо“

Новите акумулаторски одвртки секогаш се при рака, за разлика од порано, кога тие беа закачени за кабел на таванот и мораа да се поместуваат од едно место на друго при монтирањето на моторот. Бидејќи повеќе нема кабли да висат над глава, работниците го нарекуваат новото работно место „Сино небо“. Атмосферата за работа општо е пријатна и продуктивна.

Секој алат е поврзан со фабриката преку WLAN – тоа овозможува алатот да го примени точно пропишаниот вртежен момент при монтажата за секој одделен дел. Сите вредности се запишуваат дигитално, така што и одговорноста е поголема. Шансата за грешка се сведува речиси на апсолутна нула.

https://photos.app.goo.gl/jFWVJKcuyVssce9o9

На секој монтер му следи роботска количка, со сите делови што се потребни да се состави мотор од AMG. За движењето се користат координати од Indoor-GPS. Тоа значи дека количката доаѓа точно каде што е монтерот. Деловите повеќе не мора да се бараат и симнуваат од „регали“ или да се вадат од кутии. Количките претходно се подготвуваат со потребните делови во логистичкиот центар на Mercedes-AMG во Марбах и се испорачуваат во прецизен такт („just in sequence“).

Халата е изведена во стил на бокс од тркачка патека, со атмосфера како на вжештениот асфалт

Монтажните коли и количките со компоненти се лакирани во црно-белата комбинација на Mercedes-AMG, а на нив пишува „START YOUR ENGINE“ или „AMG PERFORMANCE INSIDE“. Подот е шрафиран и изведен со бело-црвени ознаки, кои потсеќаат на шикана или рабник на тркачка патека.

Така возат ѕвездите во компакт класата: Mercedes-AMG A 45 со 421 КС

https://www.instagram.com/p/B4Mq5_jqcsc/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla 2.0 Hybrid Touring Sports test продажба хибриди

Секоја втора Toyota продадена годинава вози со хибриден погон

Renault City K-ZE

Renault планира електрично мини-СУВ за помалку од 10.000 евра