128
23 shares, 128 points

C 63 е коренот на AMG, а осумцилиндарецот е заштитен знак. Mercedes-AMG C 63 е бестселерот на брзата марка, кој последен во серијата добива фејслифт. Има и еден ферари-детал

Mercedes C-Class не е еден модел, туку се дванаесет. По освежувањето на семејната изведба на C-Class, а потоа и на фалбаџиската изведба C 43, сега следи и екстремниот спортист Mercedes-AMG C 63.

Вертикалните ламели во маската не оставаат простор за сомневање дека станува збор за AMG. Панамерикана маската прави предниот дел да изгледа уште понадуено. Назад дуваат две двојни цевки, меѓу нив се наоѓа функционален дифузор, и тоа е сé што е потребно.

Главниот новитет во фејслифтот на Mercedes-AMG C 63 е во ротациските прекинувачи на воланот

Во моторот нема измени, а нема ниту што да се менува. Под хаубата работи четирилитарскиот битурбо V8, со моќност од 476 КС, односно со 510 КС во C 63 S.

Mercedes-AMG C 63 4

Со доплата се достапни спортски седишта AMG Performance, со три степени на климатизација. Воланот е нов и зарамнет е долу, на него има неколку делови од карбон, а делот за држење е посебно обложен со микрофибер.

Најголемата измена на него се мултифункциските команди и полињата што реагираат на допир. Тоа се детали што пристигаат од E-Class. Преку копчињата се ракува и со темпоматот. Фановите на формула 1 или на „манетино“ ќе се израдуваат на ротацискиот прекинувач, за брз пристап до различните модуси за возење и до основните функции што се однесуваат на динамиката на подвозјето, како контролата на стабилноста. Ракувањето со ротацискиот прекинувач е „посигурно“ при возење по тркачка патека, затоа што помалку се одвлекува вниманието.

Нема MBUX од A-Class, но затоа има цел тркачки „филм“ во средишниот дисплеј

Сериските инструменти во цевка може по желба и по соодветна цена да се заменат со дисплеј од 12,3 инчи. Во тој случај, на дисплејот може да се гледаат и вредностите на забрзувањето, доколку се избере суперспортски приказ. Во средишната конзола исто така може да се додаде дисплеј од 10,25 инчи по желба.

На фејслифтот на C 63 најмногу ќе се израдуваат возачите кои уживаат да го конфигурираат автомобилот. Постои опција што се нарекува Track Pace и содржи реални прикази на тркачките патеки, потоа ги мери времињата по сектори и по круг, и воопшто, снима 80 податоци од целото возило. Има и мерач на притисок, штоперица за круг, индикатор за забрзување во „g“.

Mercedes-AMG C 63 9

Дополнително има можност за фино дотерување на возните својства во неколку степени, од основниот, до мастер. Тоа можеби би изгледало несериозно во некој друг автомобил, но во C 63 дефинитивно има влијание врз возните својства.

Значајна промена во погонската спрега се двата дополнителни степени на пренос, што значи дека Mercedes-AMG C 63 отсега вози со деветстепен спортски менувач AMG Speedshift MCT 9G со влажна спојка за поаѓање. Техничарите извршија и неколку фини зафати во верзијата на V8 со 510 КС и 700 њутнметри. Ефектот од преработката најдобро ќе се почувствува во звукот, доколку се плати за Performance-издув, со три положби на придушување на звукот.

Mercedes-AMG C 63 3

Во верзијата со 476 КС, купето со битурбо-осумцилиндарец под хаубата спринтува за 4,0 секунди до темпо 100, а брзината е ограничена на 250 km/h. Во верзијата Mercedes-AMG C 63 S со 510 КС, спринтот се скусува на 3,9 секунди, но забрзувањето тука продолжува до 290 km/h – и тоа е лимитирано.

Освен во купе и кабриолет изведбите, C 63 е достапен и како лимузина и комби.

Mercedes-AMG C 63, моделско освежување

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
23 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743