130
19 shares, 130 points

Домашната сцена уште зборува со еуфорија за промотивното видео за Mercedes A-Class, во коешто автомобилот ги исполнува желбите на Викторија Лоба секогаш кога убавицата ќе му се обрати со „Еј, Мерцедес“. Но, една верзија што пристига наскоро, ќе реагира на сосем различни барања

Mercedes ја имаше победата над конкуренцијата со претходната генерација на A-Class во натпреварот во моќност и брзина. A 45 AMG достигна 381 КС во последниот еволутивен степен. Екстремистот во гамата на A-Class ќе мора да ја надмине оваа вредност во новата генерација.

Од тоа што можат да го „наслушнат“ водечките светски медиуми, дволитарскиот четирицилиндарец со турбонатполнење под притисок што буши бетон ќе ја надмине следната звучна граница од 400 КС. Тоа се повеќе од 200 КС по литар работна зафатнина, вредност што во моментов не ја постигнува друг мотор.

AMG верзијата ќе ги засени Audi RS3 и BMW M2 CSL

Досега се шпекулираше дека Mercedes-AMG ќе се повика на помош од стартер-генератор и 48-волтна мрежа, во комбинација со турбокомпресор со погон од електромотор, за дебело да ја засени конкуренцијата на наследникот на A 45 AMG. Но, оваа електрификација нема да се случи во скоро време.

Новитет кај AMG A-Class ќе биде додавањето втора, „умерена“ верзија, којашто со 300 КС сепак ќе биде закана за повеќето амбициозни спортисти во сегментот на компактите. Новата изведба ќе ја носи ознаката A 35, и ќе стартува со продажба пред помоќниот брат, веројатно веќе кон крајот на летото. Тоа е дел од актуелната стратегија за проширување на понудата на AMG со повеќе степени на моќност во сите моделски серии.

Приспособливото подвозје останува и во новата генерација на A 45, со таа разлика што може да се очекува уште малку повеќе „луфта“ за возачите што ќе сакаат да извлечат екстремни возни својства за тркачка патека. Ширината на трагата ќе биде значително поголема во споредба со стандардните верзии на A-Class, во комбинација со бандажи од 18 инчи.

Спринт до темпо 100 за помалку од четири секунди

Според упатени извори, AMG понатаму ќе ја понуди и спомнатата хибридна верзија со 48-волтна мрежа и „електро-турбокомпресор“, чијашто моќност ќе биде многу над А 45. Истите извори спомнуваат и спринт до темпо сто за помалку од четири секунди. Прашањето е дали овој податок се однесува на А 45 или на неговата „електрифицирана“ верзија.

Соодветно на зголемената моќност следат и значајни преправки во подвозјето и во погонот на сите тркала. Деветстепениот менувач со двојна спојка ќе ги менува степените побрзо, со можност за прескокнување повеќе степени одеднаш кога ќе се побара полна моќ при забрзување.

Штутгарт штотуку започна со претставувањето на новата гама околу A-Class. Во понуда ќе бидат уште седум моделски изведби на истата платформа. Следни се миниванот B-Class, лимузината и стилското комби од CLA, кросоверот GLA, лимузинската A-Class (со продолжена верзија што веќе имаше премиера во Кина), како и две изведби на теренецот во стил на G-Class, со ознака GLB, во верзии со пет и со седум седишта.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
19 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743