127
17 shares, 127 points

Mercedes-AMG има нов основен модел и тој располага со „само“ 306 КС. Станува збор за нова верзија позиционирана под идниот A 45, со дволитарски турбо бензинец, со погон на сите тркала и со гени на AMG

Mercedes-AMG го шири кругот за нови купувачи, со нов најдостапен модел на местото на A 45 од претходната генерација. Моделот со нов дволитарец со турбонатполнење, со 306 КС и 400 њутнметри, доаѓа во комбинација со 7-степен Speedshift DCT со двојна спојка, со спортско подвозје и со варијабилен погон на сите тркала AMG Performance 4MATIC. Цената на Mercedes-AMG A 35 4Matic во Германија изнесува 47.529 евра.

Mercedes-AMG A35 4Matic 3

Вообичаено при стартот на новите модели, паралелно се нуди и специјална верзија Edition 1, со екстра опрема и екстра стилски детали, но и соодветна доплата. Оваа серија ќе биде достапна во следните 18 месеци и чини 55.365 евра. Испораките за двете варијанти стартуваат во декември.

Возачот во Mercedes-AMG A35 4Matic има на располагање пет програми за подвозјето и погонската спрега

Спринтот до темпо сто трае 4,7 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h. Погонот 4Matic во нормални услови ги испорачува њутнметрите само до предната оска, а во исклучителни случаи испорачува во сооднос 50:50 меѓу двете оски. На возачот му стојат на располагање и пет програми на работа на погонската спрега и подвозјето, почнувајќи од комфорна, до програма за тркачка патека.

Mercedes-AMG A35 4Matic 1

Надворешноста се разликува од стандардната A-Class по лајсните во отворите за воздух во предниот браник, по препознатливата маска на AMG, сплитерот и украсните детали во сребро-хром комбинација. Со доплата се вградуваат бандажи од 19 инчи и повпечатливи странични прагови во стилот на AMG. Во кокпитот секако дека доминира мултимедискиот систем MBUX, со неколку начини на прикажување на информациите. Еден од нив е „Supersport“, со тркалезен бројач на вртежи во средина и со тридимензионален приказ на возните вредности на огромниот двоен дисплеј.

Новитет е средишната конзола во стил на AMG, со дополнителни прекинувачи за ЕЅР, за мануелниот модус на менувачот и за приспособливата амортизација.

Уште останува неизвесност околу наследникот на A45, но не околу неговото појавување, туку околу екстремот што тој ќе го постигне. Се шпекулира и за верзија А50.

AMG изведбата од Mercedes A-Class ќе вози со над 450 КС

Лимузинскиот Mercedes A-Class пристига во почетокот на 2019

Трета фабрика започнува со производство на Mercedes A-Class

Mercedes S-Class на струја до 50 километри


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
17 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743