180
34 shares, 180 points

Само еден ден ги двои премиерите на електричниот Mercedes EQC и на суперкамионот Mercedes Actros. Тоа не се должи на случајност. Марката со сребрената ѕвезда очигледно ужива во својата доминација

Две недели пред почетокот на салонот за камиони во Хановер (20-ти до 27-ми септември), Mercedes-Benz Trucks го претстави знаменосецот во својата гама на посебна презентација во Берлин. Во светот на камионите, за генерациска смена е потребно многу повеќе од светла што се распознаваат оддалеку или камери во замена за ретровизори.

Како мала ориентација за степенот на промени што му се имаат случено на камионов: Таблата со инструменти е дигитална, безмалку идентична со S или E-Class. Тоа е само „нус-појава“, зашто работното место на возачот е комплетно вмрежено со сите замисливи дигитални служби и со сите расположливи системи за асистенција. Благодарение на степенот на дигитализацијата, диспечерите можат без прекин и во реално време да го следат камионот.

Mercedes Actros Premiera 10

Тоа е голема помош за организирање на сервисирањето или за логистиката, во случај кога има потреба од итна интервенција. Не случајно, во браншата се вели дека камионите се како подвижни претпријатија, некој вид фабрики. Нарачките за новиот Mercedes Actros стартуваат веднаш по светската премиера на ИАА во Хановер, а испораките следат напролет.

Роботизираното возење пристигна во камионите многу побрзо отколку во автомобилите

Најголемиот спектакл кај новиот Actros е таканаречениот Active Drive Assist. За разлика од обичните системи, кои работат само до одредена брзина, овој за првпат го заменува возачот во секое брзинско подрачје – секако, половично. Како и досега, Actros ја следи лентата и го одржува растојанието од возилата напред, вклучувајќи и самостојно поагање и запирање при застој, но сега го прави тоа при секоја брзина, благодарение на комбинирањето на информациите од радарите и камерите. Следењето лента е активно, што значи дека системите самостојно го враќаат тешкиот и залетан камион во лентата, доколку возачот не внимава доволно во моментот. Во тој поглед, нема разлика дали се работи за S-Class или Actros. Корекции на правецот во благи свијоци исто така се во „доменот“ на Active Drive.

Mercedes Actros Premiera 8
Системите за асистенција го запираат камионот при опасност од незгода со пешак

Потрошувачката на автопат е смалена за три проценти. При просечни 120.000 километри годишно, тоа е голема заштеда. Во интернационален транспорт, заштедата достигнува и до 5 проценти, што се должи на подобрената работа на Predictive Powertrain Control.

Mercedes Actros е прв камион од сериско производство што има камери место ретровизори

Подобрувањата во аеродинамиката имаат голем придонес за намалувањето на потрошувачката. Камери MirrorCam ги заменија огромните надворешни ретровизори, значително смалувајќи го отпорот на воздух. Сликата од нив се прикажува на дисплеи од 15 инчи во предните столбови. Со преоѓањето на новата технологија се добија и нови функции. Во свијоци се менува сликата што возачот ја гледа во соодветниот дисплеј, за тој да добие целосен преглед на движењето на приколката. При возење наназад се прикажуваат водечки линии во дисплеите, кои помагаат со сантиметарска прецизност да се процени како ќе се поместува приколката. Нормално, при ноќно возење, сликата во дисплеите преоѓа во ноќен модус.

MirrorCam придонесува и за сигурноста на камионот и на товарот: При ноќната починка, возачот може да ја надгледува сликата од камерите, за случај на кражба на гориво или обивање на приколката.

Mercedes Actros Premiera 7

Техничарите на Mercedes сакаат да се пофалат и со подобрениот Predictive Powertrain Control, односно на интелигентната контрола на брзината и на работата на менувачот. Новиот систем користи сателитско лоцирање и прецизни дигитални карти, со податоци за топографијата, радиусот на свијоците, геометриските пропорции на крстосниците, па дури и за сообраќајните знаци.

Благодарене на овие податоци, PPC го регулира возењето по нагорнина или надолнина, по кривулести патишта, многу подобро отколку обичен темпомат. Целта е да се избегне непотребно сопирање, забрзување и префрлување на степените, заради заштеда на гориво. Дополнителни информации пристигаат и од радарскиот темпомат, кој „кажува“ колкаво е растојанието од возилата напред и со колкава брзина тие возат. Во оваа координирана возна операција се вклучува и новиот модус Economy+, во комбинација со автоматикот PowerShift3.

Mercedes Actros Premiera 3

Емисијата на СО2 се смалува за 25% при користење метан, а со тоа следат и вообичаеното смалување на бучавата и отсуство на секакви честички гареж во издувот. Новиот Actros NGT со сериски автоматик со претворач на вртежниот момент вози со модерниот шестцилиндарец M 936 G со 302 КС. Actros NGT се испорачува во соло изведба со две и три оски, како алтернатива за дистрибуција на тешка стока во дневен сообраќај на растојание до 250 километри. Четирите челични резервоари имаат зафатнина од по 145 литри, а со доплата се вградуваат уште четири од по сто литри.

Висок степен на безбедност со Active Brake Assist од петтата генерација

„Асистентите за безбедност“ на системот Active Brake Assist донесоа неколку нови функции со преоѓањето во петтата генерација. Овој систем што се базира врз информациите од камерите и радарите сега побрзо го запира камионот кога има човек пред него, при брзини до 50 km/h. Active Brake Assist 5 може во своето брзинско подрачје на дејствување да го спречи и судирот со возило што мирува или забавува, односно во најмала мера да ги сведе штетите на минимум.

Mercedes Actros Premiera 11

Секако дека останува и функционалноста на асистентот при скршнување в десно, кој предупредува кога има човек или предмет вон видното поле на возачот. Mercedes прв го воведе системот во 2016 и уште е единствен. Дополнителна функција е предупредувањето при менување лента на автопат, при брзини до 90 km/h.

Новиот Mercedes Actros во многу подрачја функционира како автомобилите со сребрената ѕвезда. Тоа важи и за камерата за сообраќајни знаци, исто како и за електронската паркирна сопирачка – вклучувајќи помош при поаѓање на нагорнина.

Мултимедиски кокпит како во лимузините со сребрената ѕвезда

Комплетна промена доживеа кокпитот, со двата дисплеја од по 10 инчи, кои се стандардна опрема кај новиот Actros. Следната револуција е во драстично смалениот број од прекинувачи. Тоа се должи на функционалноста на вториот дисплеј, кој реагира на допир и служи за ракување со светлата, климатизацијата или за телефонирање. На него се прикажуваат и информации за притисокот во гумите или за оптоварувањето на оските.

Mercedes Actros Premiera 22

Нема да изненади и тоа што со дисплеите може да се ракува преку сензорските полиња што се вградени во воланот – поздрав од автомобилите. Android Auto или Apple CarPlay? Кусо, Actros располага со сé што имаат автомобилите, а најчесто во двојно поголема количина.

Со доплата може да се добие мултимедиски кокпит, со примарен дисплеј од 12 инчи, со можност за избор на класичен или напреден приказ. Во средина се прикажува брзиномерот, лево се информациите за притисокот во сопирачките, работните температури, резервоарот и сл., а десно се времињата на возење и одмор, телефонскиот именик и информации за радиото. При активирање на асистентите, соодветно се менува и приказот на дисплејот.

Mercedes Actros Premiera 19

Исто како што може да се избере AMG-Line кај булеварските модели на Mercedes, така и за Actros може да се нарача „пакет за убавина“ со специјални елементи со изглед на карбон.

Разликата меѓу камион и автомобил на Mercedes почна да се сведува само на големината

Инженерите обемно ги користеле и последните сознанија, кои укажуваат на важноста на светлината за физичката подготвеност и пријатното чувство на возачот. За кабината може да се нарачаат три различни нивоа на осветлување, со амбиентално диодно светло и сино осветлување на просторот околу нозете во највисокото ниво.

Најважните новитети од Mercedes Actros се применети и во гамата градежни камиони Arocs. Од премиерата во 1996 година, досега се продадоа околу 1,2 милион примероци од Actros.

Mercedes Actros

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Презентација на новиот Mercedes Acstros во Берлин

Кусо претставување на топ-камионската серија на Mercedes

Камионите се подобри олдтајмери

Метан го заменува дизелот во камионите

Производители на чоколади и мебел бараат почисти камиони

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

180
34 shares, 180 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743