143
19 shares, 143 points

Mercedes Actros петпати досега го освојува насловот за камион на годината во изборот на стручните новинари од 24 европски држави. Со вкупно девет титули, Mercedes е најуспешна марка во категоријата за најдобро технолошко усовршување, коешто е услов за квалификација за изборот на светски камион на годината.

На тековниот саем за товарни возила во Лион е објавено дека Mercedes Actros е носител на титулата за најдобар камион во светот за 2020 година. Наградата се доделува на камионот што постигнува најголем придонес во унапредувањето на патниот транспорт, во поглед на штедливоста, емисијата, безбедноста, возењето и комфорот.

Знаменосецот во товарната програма на Mercedes-Benz Trucks се докажа најмногу со своите внатрешни вредности. Меѓу новитетите во Mercedes Actros се вбројуваат таканаречен мултимедиски кокпит, камерите место ретровизори или полуавтоматското возење со користење системи за асистенција слични како во лимузините на Mercedes. Покрај тоа, сé повеќе внимание во браншата – во Actros, секако – се посветува на системите што му дојавуваат на возачот дека има велосипедист или пешак при скршнување в десно, односно во подрачјето што е надвор од видното поле на возачот.

Вештачката интелигенција на Predictive Powertrain Control (PPC), односно на темпоматот што го предвидува патот, овозможува полесно и воедно поефикасно совладување на пат со многу свијоци, во поглед на стратегијата на менување на степените и работата на целата погонска спрега.

Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *