за

„Е“ е новото „Д“: Хибриди во гамата на Mercedes A-Class

Mercedes A 250 e
Mercedes A 250 e

Mercedes го најавува A 250 e како важна премиера за салонот во Франкфурт во следниот месец. Буквата „e во иднина ќе се гледа почесто кај престижната марка. Нормално, таа се однесува на електрификација на погонската спрега, во случајов, на плагин-хибриден погон.

Mercedes A 250 e располага со моќност од 218 КС и вртежен момент од 450 њутнметри. Тоа се солидни бројки, но не кажуваат сé за овој автомобил. Појасно е кога ќе се додаде дека автомобилот вози 70 до 75 километри само со енергијата во батеријата, при што максимално му се дозволени 140 km/h, а потрошувачката изнесува само 1,5 литар на сто километри – тоа е горивото што ќе се согори откако компактниот Mercedes ќе ги извози „електричните“ 70 до 75 километри.

Освен во изведбата со пет врати, Mercedes го нуди плагин-хибридниот погон и во комбинација со лимузинска каросерија, во A 250 e Limousine, и како ван, во B 250 e. Станува збор за трета генерација на хибридниот погон во Штутгарт. Цените за A 250 e и A 250 e Limousine во Германија изнесуваат 36.943,55 евра и 37.300,55 евра. Ванот ќе следи неколку седмици подоцна. Испораките ќе стартуваат уште во текот на годинава.

За нешто повеќе од една година, Mercedes ќе го нуди плагин-хибридниот погон во повеќе од 20 моделски изведби

Исто како кај поголемите модели со надолжно вграден мотор, електромоторот се наоѓа во куќиштето на осумстепениот менувач со двојна спојка 8F-DCT и истото е изведено покомпактно, поради просторните услови. Станува збор за синхронен мотор со постојана побуда, со статор интегриран во куќиштето и со влажна разделна спојка што се наоѓа во роторот на електромоторот. Ладењето на статорот и роторот дозволува максималната моќност на електромоторот да се користи подолго. Првпат кај Mercedes, моторот стартува исклучиво преку електромоторот, односно A 250 e не поседува посебен 12-волтен стартер (анласер).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моќноста на е-моторот изнесува 75 kW, односно 102 КС, што заедно со 1,33-литарскиот турбо бензинец дава системска моќност од 218 КС и вртежен момент од 450 Nm. Спринтот до темпо сто на комбилимузината трае 6,6 секунди, а крајната брзина изнесува 235 km/h.

Батериите пристигаат од Accumotive, посестринска компанија на Daimler

Батеријата е литиум-јонска од 15,6 kWh и може да се полни и со наизменична и со еднонасочна струја. Приклучокот се наоѓа од десната страна на возилото. При користење ѕиден полнач од 7,4 kW (AC), полнењето од 10 до 100% трае 1:45 h. Со брз полнач со еднонасочна струја (DC), полнењето од 10 до 80% трае околу 25 минути. Батеријата е од сопствено производство, односно носи печат на посестринската компанија Accumotive. Тежината на батеријата, заедно со системот за водено ладење, изнесува околу 150 kg.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Издувната цевка завршува средишно под возилото, заради заштеда на простор, со тоа што придушувачкиот лонец е вграден во средишниот тунел. Резервоарот за гориво е интегриран во модулот на задната оска, со што се ослободи простор за батеријата под задната клупа. Зафатнината и практичноста на багажникот незначително се разликуваат од моделите со обичен погон.

Пет степени за избор на „електромоторно“ сопирање директно преку копче на воланот

Меѓу бројните посебности на „e“ спаѓа изборот од пет степени на „моторно“ сопирање преку копче на самиот волан (DAUTO, D+, D, D- и D–). На тој начин се влијае врз самото полнење на батеријата, односно посилно забавување значи дека кинетичката енергија со поголем интензитет ќе се користи за полнење на батеријата. Останатите погонски режими се Comfort, Eco и Sport.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште една привилегија на „е“ претставува можноста енергијата во батеријата да се користи за кабината да се излади или загрее, во време што ќе го одреди корисникот, пред да се седне во возилото. Системот MBUX повторно се покажува на дело. Возачот може едноставно да побара „Еј Mercedes, најди го најблискиот полнач за струја.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

До крајот на годинава, во понудата на Mercedes ќе има повеќе од 10 модели со плагин-хибриден погон, од A-Class до S-Class. Уште лани започна продажбата на S, E и C-Class, кои минуваат до 50 километри само со погон на струја. Mercedes моментно е единствен производител што го нуди PHEV-погонот во комбинација со дизел. GLC исто така е достапен во оваа погонска варијанта, по моделското освежување на популарниот СУВ. Следен е новиот GLE, „танцувачкиот“ Mercedes, за кого Штутгарт ветува 100 километри со енергијата во батеријата.

Основни технички податоци

New photo by Automedia MK / Google Photos

 

A 250 e

A 250 e Lim

B 250 e

Цилиндри

4

Зафатнина (cm3)

1.332

Моќност мотор (kW/КС при 1/min)

118/160 при 5.500

Вртежен момент мотор (Nm при 1/min)

250 при 1.620

Моќност E-мотор (kW)

75

Вертеќе момент Е-мотор (Nm)

300

Системска моќност (kW/КС)

160/218

Системски врт. момент (Nm)

450

0-100 km/h (s)

6,6

6,7

6,8

Крајна брзина (km/h)

235

240

235

Крајна брзина при е-погон (km/h)

140

Просек (l/100 km)

1,5-1,4

1,4

1,6-1,4

Просек CO2 (g/km)

34-33

33-32

36-32

Батерија (kWh)

15,6

Потрошувачка струја (kWh/100 km)

15,0-14,8

14,8-14,7

15,4-14,7

Досег е-погон (km)

74-76

75-77

70-77

Досег е-погон WLTP (km)

60-68

61-69

56-67

Цена од (евра, во Германија)

36.943,55

37.300,55

37.663,50

При користење ѕиден полнач од 7,4 kW (AC), полнењето од 10 до 100% трае 1:45 h. Просечната дневна тура може да се извози само на струја
New photo by Automedia MK / Google Photos
Дизајнот на Mercedes B-Class исто така е дело на Славче Таневски, кој комплетно го надмина претходниот блед имиџ на ванот
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Ranger Raptor nav

Ford Raptor го помни патот по терен за да врати на почеток

Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја

Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја