145
266 shares, 145 points

Мерцедес овојпат во улога на професор: Како најдобро да го одомаќиш автомобилот со когошто сакаш да допреш до колку е можно повеќе публика? Викторија Лоба е подеднакво моќен лик колку новиот Мерцедес А-Класа во рекламата за автомобилот, веројатно прва од ваков вид во којашто се зборува на убав и чист македонски јазик

Аутомедиа како филмски рецензент. Тоа што Мак Аутостар го реализираше за тукашната промоција на новата А-Класа не е само уште едно рекламно видео, туку е филм со сите нишани. Уште една премиера од Мак Аутостар, по првиот електричен автомобил од светска марка што бил донесен да вози по македонскиот асфалт или по поддршката на македонските дизајнери коишто денес работат за најголемата премиум марка во светот. И по стотици други „први“, коишто јавноста пропуштила да ги регистрира како такви.

Во менаџментот на компанијата веројатно го сметаат рекламниот филм како дел од секојдневната работа, но од оваа страна на „големиот екран“, спотот за промоцијата на Мерцедес А-Класа се доживува како подигнување на врвните стандарди во браншата на следното повисоко ниво, во локални, а сосем веројатно и во регионални рамки.

Мерцедес А-Класа и Лоба прикажуваат еден свет којшто кај нас остана во облак од стар дизелски чад

Ликот“ на Викторија Лоба, во случајов амбасадорка на А-Класата, со безрезервна поддршка од автомобилската страна во приказнава, буквално ја протресува сета прашина од локалната сфера којашто веќе одамна ги имаше издишано сите четири тркала, зачмаена од безгласни медиуми за автомобили, коишто не се кадарни да продуцираат друго освен дегутантно пропагандни брошури, во ера кога публиката е вешта да разликува лага од вистина. Кусо, бодлеровски: Од шупливо во празно.

Уште за крај на „рецензијава“. Мерцедес, зошто сите автомобили не се Мерцедес? И аналогно, како пропуштивме македонската автомобилска сцена да биде каква што ја прикажува оваа реклама?

И видеото од премиерата на А-Класа во Сити Мол

 

Кој тоа вели дека Mercedes е лимузинска марка?

Постои убава причина за обожување на овој Mercedes

Забава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

Mercedes подготвува нов 1,6-литарски дизел

Новиот Mercedes A-Class ѕирна од македонскиот ценовник

Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class

Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
266 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730