134
18 shares, 134 points

Младешка и динамична, а во исто време зрела и комфорна. Така Штутгарт ја претставува новата генерација на Mercedes A-Class. Внатрешноста носи поголеми промени. Таму пречекува комплетно нов кокпит и комплетно нов начин на ракување, наречен MBUX или Mercedes-Benz User Experience. Од повисоките класи пристигаат полуавтоматското возење и диодните светла со повеќе светлосни снопови.

Дизајнот на каросеријата на новата генерација на Mercedes A-Class е поедноставен во споредба со претходникот и во одредени подрачја го следи примерот од CLS. Најмногу реакции се насочени токму кон изгледот. Но, пред да се критикува, треба да се има предвид големата слика, откако и останатите модели ќе го преземат новиот стил. Покрај тоа, оваа A-Class пристига рано пред преодот во следната декада, кога браншата ќе ја доживува веројатно најголемата револуција по воведувањето на производствената лента. Начинот на којшто ги гледаме, а и ги користиме автомобилите, се менува.

Изгледот на новиот Mercedes A-Class е работа на привикнување, кусо трае додека се разместат реперите и додека „легне“ новиот дизајн

Хаубата се спушта пониско, соодветно на тоа и „носот“ е потспуштен, а маската дополнително го нагласува впечатокот. Тоа прво го регистрира погледот. Зголеменото меѓуоскино растојание ја издолжува страничната силуета, под крилата собира бандажи до 19 инчи, опашот изгледа како да е поширок. Така се доаѓа и до следното подрачје околу коешто се спротивставуваат мислењата, до задните светла.

Mercedes A-Class W177 19

Чудно е тоа што веќе на втор поглед, A-Class почнува да изгледа симпатично, хармонично, различно. Дизајнерите на Mercedes сигурно не „копирале од хјундаи“ и не погрешиле со стилот на новиот компакт, туку го постигнале тоа што на многу други места, а тоа значи марки, не успева. Новиот A-Class е различен, прво од претходникот, а потоа и од сé останато што се нуди во премиум и непремиум сегментот во компакт класата.

Воланот, сензорското поле пред менувачот, средишниот дисплеј, сé реагира на допир

Со отпорот на воздух од 0,25 и челната површина од 2,19 метри квадратни, најмалечкиот Mercedes е шампион во класата. За првпат во A-Class се користи дводелен систем од подвижни ламели, што ја затвораат маската заради подобрување на аеродинамичноста.

Mercedes A-Class W177 22

Комплетната револуција во кокпитот не го менува само ракувањето, туку ја подобрува и просторната искористеност во кабината. Повеќе ја нема класичната стреа над инструментите, а ги нема и класичните инструменти. По пример на E-Class, пред возачот се наоѓа широк дисплеј. Во оваа средина доминира „турбинскиот изглед“ на отворите за воздух, во стилот на спортските модели на Mercedes. Место со физички форми, просторот е украсен со осветлување во боја, со 10 комбинации и избор од 64 различни бои.

Говорните команди се вклучуваат на „Еј, Мерцедес“

Инструментите може да бидат во една од трите комбинации: Два дисплеја од по 18 сантиметри во основните нивоа, дисплеј од 18 сантиметри во комбинација со втор дисплеј од 26 сантиметри и два дисплеја од по 26 сантиметри. Мултимедискиот систем MBUX учи од корисникот, односно според Mercedes, тој претставува емотивна врска меѓу возилото, возачот и патниците. Пример за тоа: Говорните команди се вклучуваат на „Еј, Мерцедес“.

Mercedes A-Class W177 3

Во дигиталниот свет на Mercedes A-Class спаѓаат и комуникација Car-to-X, подршка за изобилство од апликации кои на дисплејот се прикажуваат исто како на мобилниот телефон, како и можноста за вчитување нови функции преку интернет.

Просторот во кабината порасна во сите правци, воедно е олеснет и пристапот до задната клупа. Багажникот нуди 370 литри, што е за 29 литри повеќе од претходникот. Со дводелните задни светла е постигнато отворот на багажникот да биде за 20 сантиметри поширок. Подот исто така е подолг за 11,5 сантиметри.

Основната верзија вози со 1,33-литарец, најмоќната со исто така нов дволитарец, над тоа презема AMG

Три моделски изведби стојат на располагање на стартот од продажбата: A 200 со 1,4-литарски мотор со 163 КС, A 250 со дволитарец со 224 КС и A 180 d со 1,5-литарски дизел со 116 КС, сите во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка. Двата нови бензинци стандардно располагаат со филтер за честички.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Моделските изведби на новиот Mercedes A-Class на стартот на продажбата:

A 200

A 250

A 180 d

Менувач

7G-DCT

7G-DCT

7G-DCT

Моќност (kW/КС)

120/163

165/224

85/116

при (1/min)

5.500

5.500

4.000

Вртежен момент (Nm)

250

350

260

при (1/min)

1.620

1.800

1.750-2.500

Потрошувачка (l/100 km)

5,1

6,0

4,1

Емисија на CO2 (g/km)

120

141

108

Забрзување

0-100 km/h (s)

8,0

6,2

10,5

Крајна брзина (km/h)

225

250

202

Должина / Ширина / Висина (mm)

4.419/

1.796/

1.440

4.419/
1.796/
1.445

4.419/

1.796/

1.440

Меѓуоскино растојание (mm)

2.729

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Новиот Mercedes A-Class во главни точки

Комплетно нов мултимедиски систем MBUX:

  • Емотивна врска меѓу возилото, возачот и патниците

  • Способност за учење со помош на вештачка интелигенција и со можност за персонализација

  • Единствен систем на ракување преку допир, со дисплеј на допир, сензорско поле (доплата) во средишната конзола и копчиња на воланот

  • Интелигентни говорни команди со разбирање природен говор и со вклучување преку зборовите Еј, Мерцедес“ (доплата)

  • Навигација со технологија на проширена реалност (доплата)

  • Нови услуги на Mercedes me

Интелигентен погон:

  • При одредени услови, A-Class првпат може да вози полуавтоматски.

  • Максимална безбедност во сегемнтот благодарение на системите за асистенција со функции од S-Class (FAP 4.5; доплата)

  • Активен темпомат DISTRONIC и активен асистент за управување помагаат при држењето растојание и управувањето; сега брзината се приспособува автоматски во свијоци, пред крстосници и на кружен тек.

  • Активно запирање при итен случај и активен асистент при менување лента.

  • PRE-SAFE PLUS препознава опасност од судир одзади. Во случај на таква опасност, системот ги активира сопирачките, заради спречување на повратното движење на телото по ударот.

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Комплетно нова понуда од мотори:

  • Нов бензинец M 282 (1,4 литар, до 120 kW и 250 Nm) со исклучување цилиндри (прво во комбинација со 7G-DCT) и иноативна делта-форма на главата на моторот, примена на NANOSLIDE и Eco-Tough, филтер за честички, нов менувач со двојна спојка 7G-DCT

  • Нов бензинец M 260 (2,0 литри, до 165 kW, до 350 Nm) со CONICSHAPE (хонување на кошулките на цилиндрите) и CAMTRONIC (варијабилна работа на брегасто вратило за вшмукувачки вентили)

  • Нов дизел OM 608 (1,5 литар, до 85 kW, до 260 Nm) со AdBlue, оптимиран турбополнач, интеркулер со водено ладење и намалена тежина

Повеќе комфор и темперамент во возење:

  • 30 mm поголемо меѓуоскино растојание, 14 mm поширока трага напред

  • Усовршено подвозје со мекферсон напред, со алуминиумски водилки и со торзиска задна оска. Кај 4MATIC и посилните мотори се вградува задна оска со четири водилки

  • Активна амортизација (доплата) со електронска регулација: Во комбинација со стандардниот DYNAMIC SELECT (со четири програми) може да се избере комфорна или спортска амортизација.

  • Усовршен погон на сите тркала 4MATIC со електромеханичко регулирање на ламеластата спојка

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Луксуз во компакт класата:

  • Авангардно дизајнирана арматурна табла и кокпит без стреа.

  • Два дисплеја со големина до 10,25 инчи (26 cm) се поставени под задничко покривно стакло (исклучок: основна варијанта со два дисплеја од по 7 инчи).

  • Амбиентално осветлување со 64 бои и осветлени отвори за проветрување со турбински изглед, со доплата

  • Климатизирани и мултиконтурни седишта, со масажа, како доплата.

Раст во димензиите:

  • Поширока кабина (+9/+22 mm напред / назад во висина на раменици), односно +35/+36 mm во висина на лакти, повеќе простор за глава (+7/+8 mm), полесен пристап назад

  • Багажникот од 370 литри е за 29 литри поголем и полесене за користење.

  • Прегледноста е подобрена за десет проценти со смалување на облогите на столбовите.

 [/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Основните моделски изведби поседуваат торзиска задна оска, за разлика од верзиите со посилни мотори или погон на сите тркала, кадешто следува мултилинк задна оска. Dynamic Select е стандард. Опција е спортско подвозје спуштено за 15 милиметри, а може да се доплати и за подвозје со приспособлива работа на амортизацијата, при што возачот сам го избира режимот на работа.

Mercedes A-Class им дава нова шанса на класичните комбилимузини

Стандардната опрема вклучува автоматска клима, мултимедиски систем MBUX, мултифункциски спортски волан со сензорски копчиња, сензор за дожд, стартување на копче, Dynamic Select. На тоа следуваат три линии на опрема (Style, Progressive и AMG Lin) и два пакета опрема. Вообичаено, на стартот на продажбата се нуди специјална серија Edition 1, со екстра опрема и впечатливи стилски елементи.

Специјален гостин на премиерата, скандинавскиот лос кој ја „преврте“ првата генерација на A-Class пред дваесет години. Нормално е тоа што Mercedes никогаш не потврди дека се’ беше дел од генијално смислено сценарио, тоа е најдобрата реклама на сите времиња. Преку лошите вести за A-Class, цел свет дозна дека Mercedes произведе малечок автомобил. Превртувањето брзо се заборави, автомобилот остана. „Случајно“ тогаш се појави ЕЅР или контролата на стабилноста, без којашто денес не може да излезе автомобил од европските фабрики

Mercedes A-Class W177 18

Цените ќе бидат објавени наскоро, но засега е сигурно. Сé повеќе купувачи ја гледаат разликата во цената меѓу премиум А-класата и непремиум Голф-класата како прифатлива. Mercedes A-Class им дава нова шанса на класичните комбилимузини, токму во моментот кога конфенционерите во браншата веќе стануваат здодевни со своите кросовери и сакам-да-бидам теренци.

Mercedes A-Class (W177)

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Like it? Share with your friends!

134
18 shares, 134 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730