143
22 shares, 143 points

Со повеќе од 5,5 милиони продадени примероци од претходните три генерации е сосем јасно дека A-Class е важен модел за марката со големите лимузини и теренци. Тоа се покажува и во неколкуте следни факти за новата генерација на A-Class и за историјата на овој модел.

Студискиот автомобил „Vision A 93“ од салонот во Франкфурт во 1993 година е првата најава за A-Class.

mercedes vision a 93

Под мотото „На светот му требаат нови автомобилски идеи“, Mercedes се појави пред публиката во Франкфурт со концепт на возило што беше невообичаен за марката. Критичарите се јавија веднаш: Дали тоа е вистински Mercedes? Реакцијата на посетителите на салонот сепак беше позитивна. Околу 80 проценти од испитаниците се искажале позитивно за малечок Mercedes како Vision A 93.

A-Class е успешно поглавје во историјата на Mercedes, коешто започна пред 20 години.

mercedes kompakt 5,5 mio

Од пазарното појавување на првата генерација во октомври 1997 година, продадени се вкупно 5.555.555 автомобили од компактната класа, вклучувајќи ги B-Class, CLA, GLA. Само од A-Class се продадени над три милиони примероци.

Лани секој четврти продаден автомобил на Mercedes бил од компактната класа.

Една година пред моделската смена, низ светот се продадени над 620.000 примероци од A и B-Class, CLA, CLA Shooting Brake и GLA.

Новата A-Class ја поседува возната интелигенција на S-Class.

mercedes a-class velosipedi

Сериските автоматски сопирачки на новата генерација на A-Class реагираат на возила, но и на пешаци што минуваат преку улица, како и на велосипедисти што се приближуваат додека возилото мирува во место. Последнава функција се должи на будноста на сензорите за мртов агол, кои го предупредуваат возачот пред да ја отвори вратата и да му попречи пат на велосипедистот. A-Class поседува најобемен пакет од системи за асистенција во компакт класата.

Аголот на отворање на панорамскиот лизгачки покрив се приспособува автоматски на брзината на возење.

mercedes a-class

Слични детали се комфорното затворање кога се држи притиснато копчето за рециркулација, автоматското затворање кога врне и електронското засенување.

Со доплата е достапен мултифункциски волан со грејач.

Mercedes A-Class W177 3

Обрачот на воланот се загрева за најкусо време кога е студено. Грејачи во седиштата, греење во место, двозонска автоматска клима се уште неколку слични ставки од списокот на опции.

Автоматското долго светло ја намалува силината на светлосниот сноп кога ќе регистрира силна рефлексија од сообраќајните знаци.

Mercedes A-Class W177 16

Автоматското долго светло или „приспособлив асистент за долго светло плус“ може одделно да ги исклучува 18-те светлечки диоди во светлата. На тој начин се избегнува заслепување на возилата напред или отспротива. Овој систем е достапен само ако се доплати и за диодни светла со повеќе снопови.

Гумите со продолжен досег при дефект (со доплата) се изработени од два слоеви, заради комфор.

Покрај крутиот слој којшто ја презема носечката функција на гумата, постои и мек слој, кој се грижи за меко возење. Зависно од оптовареноста, при продупчување на овие гуми може да се продолжи возењето до 80 километри со брзина до 80 km/h.

Претходната генерација на A-Class од 2012 година придонесе за значително подмладување на марката.

Просечната возраст на возачите на A-Class во Европа е намалена за преку 10 години во споредба со претходниот модел. Во Кина, секој трет купувач е помлад од 30 години.

A-Class им ги одвлекува возачите на конкурентските марки.

Mercedes A-Class W177 19

Повеќе од 60 проценти од купувачите на A-Class лани, претходно поседувале автомобил од друга марка.

Во постоечката гама на A-Class ќе се придружат уште три нови моделски изведби.

Понудата од моделски изведби моментно се состои од A и B-Class, CLA, CLA Shooting Brake и GLA. Во иднина ќе има вкупно осум моделски изведби.

Во 2018 година ќе стартува производство во пет фабрики на три континенти.

Производството веќе стартуваше во Раштат, следат Унгарија, Финска, Мексико и Кина.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
22 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743