142
35 shares, 142 points

Кај Mercedes и кај застапникот Мак Аутостар има една рутина. Кога ќе мине една седмица без оттаму да пристигне соопштение за медиуми или покана за настан, тоа е сигурен знак дека нешто големо се подготвува. Претпоставено, остварено. „Големото“, всушност, цело време ни било пред очи.

Главната атракција во скопскиот Сити Мол вчера беше новиот Mercedes A-Class. Некои ќе речат дека тоа повеќе важи за Викторија Лоба, којашто го придружуваше овој важен новитет при неговото премиерно појавување пред македонската публика, во што исто така нема да погрешат.

Mercedes A-Class премиера Македонија 3

Новиот A-Class претходно беше сокриен во големата црна кутија за чијашто содржина многу се шпекулираше меѓу посетителите на молот и на социјалните мрежи. Тајмерот одброи, но со тоа не заврши спектаклот.

Невкусно и контрапродуктивно е кога толку големи најави и вешто изрежирани спектакли ќе се покажат како надуван балон. Старите рекле: Се тресеше гората, се роди зајак. Оваа асоцијација води кон впечатокот дека новиот А-Class навистина изведува некои волшебни трикови.

Од мистериозната кутија излезе новиот Mercedes A-Class

A-Class е првиот модел од Штутгарт којшто зборува со возачот, или барем зборува со нашата убавица Викторија Лоба. Мерцедесот послушно ја прилагоди температурата во возилото, ја избра побарната радио станица, направи телефонски повик, па на крај го отвори отвори сончевиот покрив, точно како што побара Лоба, обраќајќи се како кон интелигентна машина. A-Class, всушност е тоа, интелигентна машина. Покрај тоа што е Mercedes.

Овие способности на A-Class и на идните модели со сребрената ѕвезда произлегуваат од системот со име Mercedes-Benz User Experience (MBUX). Тоа е едно од четирите технолошки столбови коишто шефот ги постави Дитер Цече ги постави уште пред неколку години, под кратенката CASE: Конективност (C = Connectivity), автономно возење (A), нови услуги (S = Shared & Services) и електричен погон (E). Како што се забележува, реалноста постепено ја претркува иднината во иднината на Мercedes.

Mercedes A-Class премиера Македонија 5

Mercedes A-Class и натаму е најаеродинамичен, најкомфорен, најбезбеден, најавтомобил во компакт класата во премиум сегментот, но сега има нешто во што другите воопшто не можат да се споредуваат. Во секој случај, Штутгарт прв го повлекува новиот круг на генерациска смена во триото А-1-A3 (A-Class, серија 1 и A3).

Коментарот на Владица Кокаловиќ, директор за маркетинг на Мак Аутостар: „Доаѓањето на нешто сосема ново, како што е Mercedes А-Класата, автомобил што зборува со возачот значи поинаков начин на размислување, а тоа е симболиката на ова претставување, да се размислува Out of the box.”

Советот е секогаш добро да се послуша, па и ние ќе размислуваме „надвор од кутијата“. За сé што инаку би имале да кажеме за новиот Mercedes A-Class, молиме посетете ја официјалната страница на следниов линк.

Македонска премиера на Mercedes A-Class

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Новиот Mercedes A-Class ѕирна од македонскиот ценовник

Забава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

Audi што требаше да биде Mercedes

Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class

Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class


Like it? Share with your friends!

142
35 shares, 142 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730