за

Mercedes ги објави цените за основните верзии на A-Class

mercedes a-class w177

Нови моделски изведби пристигаат во гамата на Mercedes A-Class. Новиот основен модел со 109 КС го прави компактот подостапен за околу 4.000 евра

Mercedes A-Class имаше спектакуларно прво појавување пред македонската публика во минатиот месец, со симболичното „излегување од кутија“ и со промотивното видео со Викторија Лоба, коешто сосем разбирливо постигна рекорди во гледаноста. Сега следи уште едно поглавје во пазарниот настап на Mercedes A-Class. Компактот на марката од Штутгарт ги доби очекуваните основни изведби, A 160 и A 180.

Новите моделски изведби коишто го заокружуваат влезот во A-Class веројатно ќе се појават во ценовникот на Мак Аутостар во следните денови, но затоа ги имаме германските цени за ориентација. Новиот Mercedes A 160 во ценовникот за германскиот пазар стартува од 26.090 евра. Под хаубата работи четирицилиндарец од 1,3 литар со моќност од 109 КС и вртежен момент од 180 Nm, во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Спринтот до темпо сто трае 10,9 секунди, највисоката брзина изнесува точно 200 km/h. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 5,8 литри.

Во споредба со досегашниот „старт“ во A-Class, ценовниот праг се спушта за околу 4.000 евра. Имајќи предвид дека A-Class на македонскиот пазар е за неколку стотини евра подостапен отколку во германскиот ценовник, оваа разлика веројатно ќе се задржи и кај новите, основни модели.

Истиот мотор работи и во Mercedes A 180, но во верзија со 136 КС и 200 њутнметри. Цената на овој модел изнесува 27.548 евра. Крајната брзина се зголемува на 215 километри на час, спринтот се скусува на 9,2 секунди. Вредноста на потрошувачката на гориво останува иста како кај A 160. Менувачот исто така е мануелен, со шест степени, но моделот ќе биде достапен и во верзија со менувач со двојна спојка.

За потсетување, актуелните македонски цени за моделските изведби од стартот на комерцијализацијата на A-Class:
Mercedes A 200: 29,890
Mercedes A 250: 36,610
Mercedes A 180 d: 30,990

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagn I.D. R Pikes Peak Dumas

Електричниот Volkswagen I.D. R апсолутен рекордер на Пајкс Пик

почитување на безбедното растојание

Безбедното растојание при возење не смее да се потценува