за

AMG изведбата од Mercedes A-Class ќе вози со над 450 КС

mercedes a-class amg-verzii

Во спортската марка на Mercedes како повеќе да не знаат за граници за моќноста. Новата AMG-верзија од Mercedes A-Class ќе добие мотор со 453 КС. Втор новитет е „послабата“ верзија со 340 КС

Мајсторите за брзини во Mercedes-AMG веќе подолго време имаат фатено залет во наголемувањето на бројот на коњски сили на стандардните модели со сребрена ѕвезда. На залетот, крај не му се гледа. Најмалечкиот модел под знакот на AMG, лутата изведба од Mercedes A-Class со ознака A 45 AMG, во последниот зафат доби 381 КС. Моделот повеќе не е во понудата на Mercedes – затоа што пристига нов. И посилен, многу посилен.

Mercedes има развиено верзија S од новиот четирицилиндарски мотор M 139, којашто првпат ќе биде вградена во новата „снагаторска“ верзија на Mercedes A-Class. Нејзината моќност: Зашеметувачки 453 КС, и тоа без помош од 48-волтна мрежа и компресор со електричен погон.

За лутите изведби на Mercedes A-Class се резервирани сите „логични“ ознаки, од А 30 и 33, преку А 35, до A 40, 45 и 50

За разлика од претходната генерација, кога имаше огромна разлика во моќноста меѓу A 250 и топ-моделот A 45, овојпат Mercedes-AMG ќе има два различни модела. Слично е кај Audi, којшто ги има верзиите S3 и RS3. Уште не се потврдени ознаките под коишто ќе се продаваат двете нови верзии на „A-AMG“, но затоа шефовите во Афалтебнах ги регистрираа сите можни ознаки, од А 30, преку 33 и 35, до А 40, 45 и 50.

Новата, втора AMG-верзија од Mercedes A-Class, ќе вози со 340 КС и 430 њутнметри. Тоа е понудата на AMG против Audi S3, кој има дволитарец со 310 КС. Претпоставка е дека оваа верзија ќе ја носи ознаката A 35, додека A 33 е наменета за некоја идна хибридна верзија, во стилот на E 53 AMG.

Погонот на сите тркала следува стандардно во топ-верзијата A 40 (или 45, или 50), а ќе биде достапен како опција во A 35. За разлика од стандардните изведби коишто возат со деветстепен автоматик, во AMG работи спортска верзија на седумстепен менувач со двојна спојка.

Продажбата на двата топ-модела ќе започне во следната година.

И мало потсеќање на делот од прославата на половината век на Mercedes-AMG во Македонија:

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi e-tron rekuperacija

Електричниот Audi e-tron полни удолу исто колку што троши угоре

франција јавен превоз 1000 кмх

Франција ќе тестира јавен превоз „во цевки“ брз над 1000 km/h