за

Лимузински Mercedes A-Class пристига на крајот на годинава

Mercedes A-Class limuzina

Со триделна каросерија долга 4,55 метри и багажник од 420 литри, лимузинската изведба од Mercedes A-Class им се обраќа на купувачите коишто повеќе го ценат класичното и традиционалното. Во комбинација со супермодерна техника, секако

Со коефициент на отпор на воздух 0,22 и челна површина од 2,19 метри квадратни, новата лимузинска изведба од Mercedes A-Class ќе има најнизок отпор на воздух од сите сериски автомобили. Рекордот досега му припаѓаше на CLA Coupe (cw 0,23), стилската варијанта со четири врати на база на A-Class.

Експертите на Mercedes веќе три децении наназад му ја обезбедуваат на Штутгарт титулата на шампион во оваа категорија. Комбилимузинската изведба на новата A-Class исто така напредуваше во однос на претходникот, со cw 0,25 и 2,19 m2 (наспроти 0,26 и челна површина од 2,20 метри квадратни).

Аеродинамично скроената каросерија „лизга“ низ воздухот, а тоа спречува да „лизга“ и горивото

Врвното достигнување се должи на долги пресметки, многубројни компјутерски симулации и мерења во воздушниот тунел во Зинделфинген. Подобрувањето кај новата лимузинска A-Class произлегува од комплетното обложување на подот, вклучувајќи го моторот, делови од задната оска и дифузорот.

Аеродинамичарите спомнуваат дека го подобриле и концептот на „дихтување“ на предните светла, со зафати со коишто зјајот меѓу светлата и соседните елементи е сведен на минимум.

Лимузинскиот Mercedes A-Class ќе вози во Кина

Лимузинската A-Class пристига кон крајот на годинава. Меѓуоскиното растојание е исто со комбилимузината (2.729 милиметри). Mercedes наведува дека слободниот простор над глава за патниците на задната клупа е врвен во сегментот.

Кон крајот на април, само неколку денови пред официјалниот старт на продажбата на новиот A-Class, на салонот во Пекинг беше претставена лимузинската верзија за кинескиот пазар, A-Class L. Таа има за 6 сантиметри продолжено меѓуоскино растојание, што кинеските возачи особено го ценат. Должината на кинеската лимузина изнесува 4.609 милиметри, од кадешто грубо може да се земе дека европската лимузина ќе биде долга околу 4.550 милиметри. Зафатнината на багажникот изнесува 420 литри. Оваа верзија останува резервирана за Кина.

Mercedes A-Class L Sport Sedan 4

Моделот ќе се произведува во фабриката на Mercedes во Агуаскалиентес, Мексико и во германската фабрика во Раштат. Гамата на Mercedes A-Class допрва ќе се проширува. Следат ванот B-Class, галантните CLA и CLA Shoting Brake од фабриката во Унгарија, како и кросоверот GLA. На досегашните пет членови им се придружуваат три нови: Лимузинската A-Class и нејзината верзија A-Class L за Кина, со меѓуоскино растојание продолжено за 6 сантиметри, но и GLB, позициониран над GLA, со повеќе простор и со робусен стил.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Megane RS Trophy

Renault Megane RS Trophy е формула 1 болид за секој ден

audi 3d konfigurator

Audi е првата автомобилска марка со 3D-конфигуратор