149
27 shares, 149 points

Со пристигањето на лимузинската изведба од Mercedes A-Class се отвора нов сегмент. Пазарот добива премиум лимузина за помалку од 30.000 евра. Но, не веднаш

Mercedes C-Class добива нова конкуренција, од сопствените редови. Лимузински Mercedes A-Class отсега го одбележува почетокот на понудата на традиционалната каросериска форма кај марката со сребрената ѕвезда. За конкуренција сепак не може да стане збор, затоа што А-Class се обраќа на различен круг купувачи.

Разликата во цената меѓу двете моделски серии засега може да се пресмета само грубо на околу 3.500 евра или десетина проценти, затоа што погонските единици се разликуваат, а и во гамата на лимузинскиот A-Class уште недостигаат основните моделски изведби. За ориентација, според германскиот ценовник, Mercedes C180 со 1,6-литарец со 156 КС чини 34.528 евра, додека Mercedes A200 со 1,3-литарец со 163 КС чини 30.916 евра.

Mercedes A-Class Limousine

Откако во моделската понуда ќе се појават изведбите со послаби мотори, и стартот соодветно ќе се помести под 30.000 евра. Како заокружување на ова ценовно позиционирање, комбилимузинскиот A200 чини 30.231 евра во Германија, односно 29.890 евра на македонскиот пазар.

Лимузинскиот Mercedes A-Class во наредните 12 месеци ќе биде достапен во специјалната изведба Edition 1

Вообичаено при појавувањето на новите моделски генерации на Mercedes, компакт-лимузината во следните дванаесет месеци ќе биде достапна во специјална серија Edition 1. Доплатата изнесува солидни 7.000 евра, но марката обично се грижи овие моделски изведби да бидат препознатливи однадвор и снабдени со вредни ставки од дополнителната опрема, како бандажи од 19 инчи од AMG, диодни светла или спортски седишта. Може да се избира и меѓу трите дизајнерски линии – стил, прогресив и AMG – кои се движат во ценовен распон од 1.200 евра до 3.500 евра.

Секако дека и за лимузинскиот Mercedes A-Class стојат на располагање истите системи за асистенција како кај комбилимузината, вклучувајќи и опција за активен темпомат кој самостојно ја одржува брзината според сообраќајот пред возилото, а во комбинација со активен систем за управување го коригира и правецот во благи свијоци.

Посебен нагласок се става на мултимедискиот систем MBUX, кој беше соодветно промовиран со кампањата со Викторија Лоба што ја организираше Мак Аутостар при почетокот на продажбата на A-Class во Македонија.

Испораките на класичната моделска изведба на Mercedes A-Class ќе стартуваат во почетокот на 2019 година.

Цените за Mercedes A-Class Limousine на германскиот пазар

A 200 (6-степен менувач, 1,4 литар, 163 КС) · 30.916,20 евра
A 200 (7G-DCT, 1,4 литар, 163 КС) · 33.010,60 евра
A 220 4MATIC (7G-DCT, 2,0 литри, 190 КС) · 36.431,85 евра
A 250 (7G-DCT, 2,0 литри, 224 КС) · 37.324,35 евра
A 250 4MATIC (7G-DCT, 2,0 литри, 224 КС) · 39.525,85 евра
A 180 d (7G-DCT, 1,5 литар, 116 КС) · 32.141,90 евра


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
27 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743