за

Лимузинскиот Mercedes A-Class ќе вози во Кина

Mercedes A-Class L Sport Sedan

Лимузинската верзија на A-Class има за шест сантиметри подолго меѓуоскино растојание од стандардната комбилимузина (279 место 273 сантиметри), а секако и поголем багажник. Премиерата на A-Class L е на салонот во Пекинг, кој за публиката започнува веќе денес и трае до 4-ти мај.

Моделот е развиен посебно за кинескиот пазар и достапен е во две варијанти, класична и спортска. Втората верзија се разликува по грпката на хаубата. Лимузината ќе се произведува единствено во Beijing Benz Automotive Co. (BBAC). Тоа е заедничка компанија на Daimler и на кинескиот партнер BAIC Motor. Продажбата стартува во втората половина од годинава, паралелно со лимузинската верзија што ќе биде наменета за светскиот пазар.

Кокпитот го следи револуционерниот чекор од стандардната A-Class

Кокпитот го следи примерот од „нашата“ A-Class, со нов концепт на прикажување на информациите и ракување. Арматурната табла ја нема класичната стреа над инстурментите, затоа што и нема класични инструменти. Со соодветна доплата, пред возачот се наоѓа дигитална табла со инструменти и голем придружен дисплеј над средишната конзола, коишто сочинуваат целина.

Стандардно се испорачува MBUX, мултимедиски систем со вештачка интелигенција, со говорни команди, вклучувајќи и препознавање на неколку најзастапени кинески дијалекти. Mercedes е прв производител што нуди навигациски приказ со проширена реалност за клиентите во Кина.

На Кинезите им е најважно да имаат многу простор за колена на задната клупа

При развојот на специјалната верзија, посебно внимание било посветено на изобилството од простор за колена на задната клупа. Поради тоа, меѓуоскиното растојание е за 60 милиметри продолжено во споредба со комбилимузината. Багажникот има зафатнина од 420 литри.

На стартот од продажбата ќе бидат достапни 1,33-литарски турбо бензинец со 136 или 163 КС, кој исклучува дел од цилиндрите при мало оптоварување. Потоа следи дволитарецот со 190 КС. Менувач со двојна спојка 7G DGT е стандард во повеќето моделски варијанти. Кинезите ќе ја возат својата лимузинска A-Class со најнапредните системи за асистенција и со највисокото ниво на безбедност во сегментот.

Лимузинската изведба од A-Class е само дополнителна варијанта во гамата компактни модели на Mercedes, којашто во иднина ќе брои осум изведби, место досегашните пет. Стилскиот CLA останува дел од семејството и ќе биде претставен подоцна, заедно со комбито CLA Shooting Brake, а следуваат уште B-Class, GLA и новакот GLB со робусен стил. За осмиот модел уште се шпекулира, тој веројатно ќе биде кабриолет, како конкурент отворените каросериски изведби на серијата 2 на BMW и на Audi A3.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Mercedes A-Class L Sport Sedan 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes A-Class L Sport Sedan 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes A-Class L Sport Sedan 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes A-Class L Sport Sedan 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes A-Class L Sport Sedan 6

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Новиот Mercedes A-Class ѕирна од македонскиот ценовник

Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class

Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class

Премиум компактите под притисок од новите СУВ модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АДАК тест на гуми за сите сезони

АДАК Тест на гуми за сите сезони

bosch нова техника за дизелот

Дизелот не го сакаме … дизелот го сакаме …