144
23 shares, 144 points

Во ценовникот на Mercedes за македонскиот пазар се појавија трите моделски изведби од коишто во почетокот се состои гамата на новиот A-Class. Моделската понуда стартува со Mercedes A 200, со новиот 1,33-литарски бензинец со турбонатполнење и 163 КС, со цена за основната изведба од 29.890 евра. Посилната верзија A 250 вози со дволитарски турбо со 224 КС, со седумстепен менувач со двојна спојка и со цена од 26.610 евра. Единствениот дизел во моментов е A 180 d, со 1,5-литарски мотор со 116 КС и цена од 30.990 евра, исто така со седумстепен менувач со двојна спојка.

Нема официјална најава за датумот на домашната промоција на Mercedes A-Class, но е сосем веројатно тоа да се случи само неколку денови по германскиот старт на продажбата во мај. Отсуствуваат и „домашни“ информации за сериската опременост, но барем кај Mercedes нема значајни отстапки од спецификацијата за германскиот пазар.

Погледнавме и во списокот на дополнителна опрема. Таму има неколку ставки што обично се очекуваат во големите лимузини со „нишан“ напред, но има и неколку комбинации што задлабочувањето во екстра ставките го претвораат во скапа авантура. Кој помисли дека два дисплеја од по 10,25 инчи, еден покрај друг како во E-Class, тука ќе следуваат без доплата за навигација, веројатно е нов во Mercedes. Но, зарем некој присилува да се „штиклираат“ овие ставки.

Според германскиот ценовник, новиот Mercedes A-Class во стандардната опрема ги поседува следните ставки:

(се однесува на германскиот пазар, можни се отстапки за тукашниот пазар)

[tie_list type=”checklist”]

  • Диодна светлосна техника за дневните светла, трепкачите и позициските светла
  • Стартување на копче
  • Сензор за дожд
  • Плочки на праговите со натпис Mercedes-Benz
  • Автоматска еднозонска клима Thermatic
  • Aктивен асистент за сопирање
  • Предупредување при преоѓање преку лента, со вибрации во воланот и еднострано активирање на сопирачките
  • Прикажување на брзинското ограничување на патот
  • Мултимедиски систем MBUX (примена на вештачка интелигенција, со способност за „учење“; широки можности за индивидуализација; обновување на софтверот преку интернет)
  • Автоматски повик при незгода
  • Две антени за мобилен телефон и SIM картичка компатибилна со LTE
  • Мобилна апликација и мониторинг на возилото (моментна локација, зонско ограничување, инфо при движење)
  • Dynamic Select (спортски, комфорен и еко режим за моторот, менувачот, подвозјето и управувањето)
  • Комфорно подвозје
  • Челични бандажи од 16 инчи (A 180 d, А 200), односно 17 инчи (A 250)
  • Мултифункциски спортски волан со сензорски полиња за ракување
  • Потпирач за рака напред, со преграда
  • Поделена и соборлива задна клупа (60:40)
  • 1 x USB напред, 2 x USB назад

[/tie_list]

Веќе вообичаено кај претходната A-Class, постои избор од линии: Style, Progressive, AMG Line, како и традиционалната и ексклузивна воведна серија Edition 1.

Неколку повпечатливи ставки од дополнителната опрема за новиот Mercedes A-Class (од германскиот ценовник, цени во евра):

Multibeam LED

1487,50

Амбиентално осветлување во 64 бои

315,35

Климатизирани предни седишта

1059,10

Двозонска автоматска клима

606,90

Пакет системи за асистенција (радарски темпомат, активна корекција на правец, предупредување пред крстосница, избегнување пречка, следење на мртвите агли, Pre-Safe Plus и др.)

1796,90

Навигација, основен пакет (7“ инструменти, 7“ медиски дисплеј, дополнителни функции на MBXU, сензорско поле за управување во средишна конзола)

1356,60

Навигација, премиум пакет (10,25“ инструменти, 10,25“ медиски дисплеј, дополнителни функции на MBXU, сензорско поле за управување, камера за сообраќајни знаци)

3016,65

Интеграција со паметен телефон

297,50

Проекциски дисплеј

1.178,10

Проширена реалност за навигациски приказ на MBUX

297,50

Подготовка за паметен телефон како дигитален клуч

119,00

Безчижно полење телефон

238,00

Пакет за конективност

261,80

Приспособлива амортизација, заедно со директно управување

1178,10

Mercedes A-Class (W177)

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Audi што требаше да биде Mercedes

Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1

Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class

Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class

Mercedes има уште еден теренски модел во подготовка

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
23 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743