за

Пет милиони примероци од Mercedes A-Class од фабриката во Раштат

Mercedes A-Class Limousine Rastat
Mercedes A-Class Limousine Rastat

Во фабриката на Mercedes во Раштат се произведени пет милиони автомобили од компакт класата од 1997 година наваму. Заедно со класичната A-Class, од иста лента излегуваат и нејзината лимузинска изведба, ванот B-Class, како и кросоверот GLA.

Четири модели на Mercedes од компакт класата моментно се произведуваат во Раштат: Покрај изведбата на A-Class со пет врати, оттаму доаѓаат и B-Class, новата лимузинска изведба на A-Class и кросоверот GLA. Откако првиот автомобил од семејството модели околу Mercedes A-Class стартуваше во 1997 година, во Раштат досега се произведоа пет милиони возила.

Лимузината во гамата на A-Class од лани се произведува и во Мексико за регионалните пазари

Понудата на Mercedes во компакт класата моментно се состои од седум модели: A и B-Class, CLA и CLA Shooting Brake (дизајнирани од Славче Таневски), GLA, A-Class Limousine и нејзина изведба со продолжена каросерија за Кина. Осмиот модел сега веќе и официјално ќе биде GLB, што неодамна го потврди и Daimler, со премиерата на концептната изведба на идниот СУВ-модел меѓу GLA и GLC.

Mercedes GLB Concept Shanghai

Посебноста на фабриката во Раштат е во флексибилноста, односно во можноста три различни модели да се произведуваат на иста линија. Последната лимузина што се произведуваше во оваа фабрика беше E-Class од генерацијата W 210, до стартот на првата A-Class во 1997 година.

Во германската фабрика се обучува персоналот што ги произведува моделите на база на A-Class во останатите фабрики ширум светот

Раштат е воедно и глобален центар за обука на вработените во производството на моделите од компакт класата. Во секое време таму се обучуваат до 240 лица. Наскоро од фабриката ќе почне да излегува и електричен компакт, во стилот на концептниот Mercedes EQA.

Фабриката вработува 6.500 лица и најголем работодавец е во регионот. Лани таму се произведоа над 300.000 возиала. Освен во Раштат, моделите на база на A-Class се произведуваат уште во Кечкемет, Унгарија (A-Class, CLA, CLA Shooting Brake), во Кина (GLA, A-Class L Limousine), во Финска (A-Class) и Мексико (A-Class Limousine). Во Раштат и Хамбах (Франција) во блиска иднина ќе се произведуваат компактни електрични автомобили од подмарката EQ.

Лимузинскиот Mercedes A-Class пристигна во Мак Аутостар

Mercedes во април продавал во просек 8.300 возила дневно

Електричниот Mercedes EQC од денес во сериско производство

Трикратна ѕвезда во салонот на Mercedes: Цивилен болид AMG GT R

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Ганшок Крик се вежба скок во вода со теренец

Во Ганшот Крик се вежба скок во вода со теренец

audi r8 trkacka pateka

Audi ги откажува TT и R8, најавува супер-осумка