за

Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“

mercedes kamioni 750k ckd

Од фабриката на Mercedes во Верт беше испорачан 750.000-от камион во пакет. Станува збор за таканаречена CKD-монтажа, кога возила се испорачуваат ширум светот целосно расклопени и локално се врши завршната монтажа.

Славеничкиот камион е бел Actros 2652 LS 6×4, кој заминува за Јужна Африка. Кога на одредиштето ќе се отворат вратите на прекуокеанскиот контејнер долг 40 стапки, од него нема да излезе камион, туку внатре ќе има само големи пакети. Но, сé што е потребно, се наоѓа во контејнерот. Actros е комплетно расклопен и деловите се распоредени во пакети.

По пристигањето во Ист Лондон, камионот ќе се склопува во локалната фабрика на Mercedes. Сопственикот ќе може да го преземе готовиот камион во средината на јули.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Испораката на камиони во делови од центарот во Верт започна пред повеќе од половина век, во 1966 година. Камионите се составуваат од комплетни модули во соодветно опремени монтажни хали во странство, но под најтрога контрола на квалитетот, според стандардите на Mercedes. Целиот „кит“ може да се состои и од 2.500 единечни делови. Од CKD-центарот (кусо од Completely Knocked Down) во Верт досега се вршени испораки на камиони во пакети во 60 држави ширум светот, вклучувајќи ги Австралија, Кипар, Русија, Саудиска Арабија, Малезија и други.

Процесот е оптимизиран со цел да се постигне колку е можно поголема заштеда

Целиот процес е оптимизиран на тој начин што одеднаш се испорачуваат четири идентични камиони, кои најчесто ги собира во четири прекуокеански контејнери. Овој четириделен комплет се состои од вкупно 48 пакети и зависно од моделот тежи меѓу 50 и 70 тони.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Клиентите профитираат поради тоа што при локалната монтажа на возила обично отпаѓаат високите царински стапки. Во центарот во Верт моментно работат околу 500 лица. Тие ги подготвуваат испораките на патните и градежните варијанти на Actros и Arocs, исто како и на специјалните иведби на Unimog и Zetros.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Shimoyama prva pateka

Шимојама е местото кадешто се создава совршена Toyota

volkswagen id. r нирбургринг

Ромен Дума: „Електричниот Volkswagen ID R е побрз во свијоци од GT-болид“