за

Mercedes 600 како на Тито, вреден 2,15 милиони евра

mercedes 600 преработен мајбах
mercedes 600 преработен мајбах

Специјализираното одделение за реставрација на Mercedes работеше седум години на овој Mercedes 600 Pullman. Неговиот сопственик имаше посебно барање, поради тоа овој автомобил е уникатен и вреди милиони.

Во одделението за реставрација на олдтајмери на Mercedes се работело на овој 600 Pullman цели седум години, од 2007 до 2014 година, дел по дел. Поранешниот сопственик имал и дополнително барање. Тој побарал да се задржи класичниот изглед на автомобилот, но тој да биде комбиниран со луксузот на модерен Maybach. Овој уникат моментно бара нов сопственик

Mercedes произведе 2.677 примероци од легендарниот „600“ со фабрички код W 100, меѓу 1963 и 1981 година. Од целата серија, во верзијата Pullman со четири или шест врати се изработени само 429 примероци. Луксузната лимузина беше речиси „задолжителна“ за светските моќници, меѓу другото и Тито го имаше овој Mercedes во возниот парк. Примероци од крстосувачот денес чинат најмалку четвртина милион евра, а понудата може да се изброи на прсти.

Еден клиент сакал автомобилот да го направи да биде уште поексклузивен. Автомобилот моментно се наоѓа кај еден холандски трговец и во него се вградени најмодерни системи, почнувајќи од камера за рикверц, преку панорамски покрив што се затемнува електрохроматски, до дополнителни инструменти на таванот, кои се преземени од Maybach 62, произведуван меѓу 2002 и 2012 година.

Не недостигаат ниту електрично местење за задните седишта, со грејачи и вентилација, минибар, двд-плеер и електрично задвижувано преградно стакло што се „заматува“ со притискање копче.

Во погонот ништо не е менувано, под хаубата и натаму е 6,3-литарски V8 со 250 КС, комбиниран со четиристепен автоматик. Од реставрацијата, вклучувајќи и ремонт на менувачот, Mercedes 600 има поминато само 1.100 километри. Според продавачот, само преправките што биле извршени на возилото вределе три милиони евра. Тоа значи дека актуелната продажна цена од 2,15 милиони евра вклучува голем попуст.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Puma

Ford Puma добива дизел, автоматик и ниво ST-Line Vignale

Брус Мекларен статуа 50 години

Брус Мекларен: „Животот се мери во достигнувања, не само во години“