за

Кој го сака кабриолетот на Трамп?

Mercedes 560 SL, Ивана Трамп

Трговец во Хокенхајм моментно го нуди кабриолетот што бил во сопственост на Ивана, првата сопруга на Трамп. Автомобилите од познати сопственици обично се ценети кај колекционерите. Но, не секогаш

Користените возила од познати претходни сопственици отсекогаш биле на цена кај колекционерите. VW Golf на папата Бенедикт Шеснаесетти се продаде за 190.000 евра, додека Land Rover што бил во сопственост на некогашниот британски премиер Винстон Черчил, на наддавање во 2012 година вредеше 170.000 евра. Наспроти тоа, некои „познати“ автомобили уште ја чекаат својата шанса. Црвен кабриолет Mercedes-Benz 560 SL, произведен во 1987 година, неколку години чмае на плацот на „Баз Дримкарс“ во Хокенхајм, Германија. Во документите пишува дека претходен сопственик е Доналд Трамп, со адреса на живеење 225 Петта Авенија, Њујорк, НЈ 10021, САД.

Автомобилот што чинел 60.000 долари или тогашни 108.000 германски марки, веројатно бил наменет како божикен подарок за првата сопруга на денешниот претседаел на САД, Ивана. Чехинката во тоа време е во десетгодишен брак со тогашниот претприемач, пред Трамп по пет години да ја замени со американската актерка Марла Мејплс, којашто е 14 години помлада од Ивана.

Mercedes 560 SL tramp 1

Таа не била особено приврзана кон спортскиот автомобил со V8 со 230 КС. По шест години, кога официјално стапува на должност новата Госпоѓа Трамп, автомобилот има извозено само 11.000 милји или околу 18.000 километри. Кабриолетот најчесто мирувал во подземна гаража во Палм Бич, со регистерската ознака „Ивана 1“.

Трговецот кој сега го нуди овој култен модел на Mercedes, пред пет години го купува автомобилот од дилер во САД. Официјално проценетата вредност на црвениот кабриолет изнесува меѓу 40.000 и 60.000 евра, без додаток поради познатиот претходен сопственик. Но, исти такви примероци во САД вредат најмногу 39.000 долари или околу 33.400 евра.

Трамп нема да се смири „додека не престанат да се возат мерцедеси по Петтата Авенија“

Од оваа страна на океанот е многу слаб интересот за Mercedes 560 SL што се поврзува со името Трамп. Останатите „мерцедеси“ од кругот на 45-от претседател на САД се продаваат полесно. Кај дилер со користени автомобили, исто така во Германија, моментно се наоѓа Mercedes 280 SE, когошто сегашната прва дама го возела под моминското презиме Кнавс во Словенија. Цената за автомобилот стар 38 години изнесува 15.800 евра.

Mercedes 560 SL tramp 2

Марката Mercedes очигледно е многу поприсутна во кругот на Трамп, отколку што тој признава. Во април годинава, при посетата на францускиот претседател Емануел Макрон, Трамп изјави дека „нема да мирува сé додека по Петтата Авенија во Њујорк не престанат да се возат мерцедеси.“ Таткото на Меланија и свекор на Трамп, Виктор Кнавс, вози автомобили со сребрена ѕвезда уште од 1959 година – и мошне веројатно нема да се откаже од марката.

[FAG id=35047]

Олдтајмерџиите од Стојаково со ВИП-третман во Монте Карло

Камионите се подобри олдтајмери

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

акција родителско такси германија

Германците се одвикнуваат од „родителско такси“

skoda 1203

Шкодо, постои ли нешто што не си произведувала?