за

Mercedes 500E на Мистер Бин се продаде за 27.540 фунти

Mercedes 500E на Мистер Бин се продаде за 27.540 фунти
Mercedes 500E на Мистер Бин се продаде за 27.540 фунти

Автомобили од познати личности се најдоа на онлајн-наддавање, меѓу нив и Mercedes 500E на Роуан Еткинсон, алијас Мистер Бин, како и BMW 1602 на Џеј Кеј, фронтменот на Џамироквај. Заедничката вредност на продадените автомобили изнесува 1,7 милион фунти.

По десет автомобили понудени преку онлајн-продажба секој ден, вкупно 16 денови и 160 автомобили. Така се одвиваше ова необично организирано наддавање во Велика Британија. На заинтересираните купувачи секој ден им се нудеа по 10 автомобили, за коишто можеше да се наддава во временска рамка од 12 часови.

Уште во првиот ден, меѓу десетте автомобили беше понуден Mercedes 500Е на Роуен Еткинсон, познат по неговата ролја како Мистер Бин. Моќната лимузина од 1993 година, од актерот што поседува завидна автомобилска колекција, за новиот сопственик беше вредна 27.540 фунти или околу 31.650 евра.

Во следниот ден се продадоа осум од десетте понудени автомобили на наддавањето. Вниманието најмногу го привлече BMW 1602 од 1972 година на Џеј Кеј, фронтменот на Џамироквај. Овој легендарен модел достигна цена од 16.470 фунти (18.940 евра). Веднаш по него следеше уште еден автомобил што порано му припаѓал на славниот музичар и пасиониран колекционер: Неговиот Rolls-Royce од 1976 година се продаде за 30.780 фунти (35.400 евра).

Меѓу останатите ѕвезди на наддавањето, кои далеку ја надминаа проценетата вредност, се најдоа Jaguar XK140 од 1955 година (£42,660) и E-Type од првата серија од 1966 година (£41,580).

Уште повреден од тоа се покажа Porsche 356 B T6 Super Coupe од 1962 година (£62,640). Aston Martin V8 во нереставрирана состојба вредеше 51.840 фунти, додека легендарниот Audi Quattro Turbo од 1986 година достигна 26.190 фунти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari по празен автопат со 372 km/h и со една рака

Ferrari по празен автопат со 372 km/h и со една рака

toyota mr2 W10

Ваква Toyota ни се вози по кризата: MR2 од 1984 година