204
27 shares, 204 points

Во минатиот викенд за време на трката со олдајмери на Нирбургринг беше украден Mercedes 300 SL вреден 1,7 милион евра. Сопственикот нуди 250.000 евра за возилото да му се врати. Крадецот нема многу избор

Некој посетител на големата трка со олдтајмери, што во минатиот викенд се одржуваше на Нирбургринг, имал поинаква претстава за уживањето во старите автомобили. Тој решил да си го присвои црниот Mercedes 300 SL од 1955 година, паркиран пред еден од хотелите покрај патеката. Неговата вредност: 1,7 милион евра. Сопственикот на скапоцениот олдтајмер нуди 250.000 евра за крадецот да го врати автомобилот.

Покрај тоа што се работи за еден од најпрепознатливите автомобили во историјата, украдениот Mercedes 300 SL „Flügeltürer“ (со крилести врати) е дополнително доработен од претходниот сопственик. Уникатот има спуштен покрив, впечатливи издувни цевки отстрана и жолти дополнителни светла во маската, а на тоа уште и браници што се впуштени во каросеријата. Овој 300 SL не останува незабележан. Дури и внатрешноста е обложена со кожа од ној – претходниот сопсвеник поседувал фарма за ноеви.

Пристигнаа и многу критики, затоа што извесен Роснер, сегашен сопственик на автомобилот и трговец со олдтајмери, го оставил скапоцениот автомобил пред хотел. Во гаражата на хотелот немало место.
Крадецот досега веројатно сватил дека е крајно бесмислено отуѓувањето на вакви олдтајмери. Серискиот број на секој дел од овие историски сведоштва на четири тркала е точно евидентиран. Сив пазар за автомобили како 300 SL практично не постои. Никој сопственик на вакво парче вредно милиони не би вградил дел од непознато потекло.

Затоа, понудата на Роснер е повеќе од прифатлива. Во меѓувреме, социјалните мрежи буквално преплавија со објави за четвртмилионската понуда за „откуп“.

MB 5500434❗️STOLEN❗️PLEASE HELP OUR FRIEND300SL Flügeltürer am Nürburgring gestohlen / 300 SL Gullwing stolen at…

Posted by Mercedes-Benz 300 SL Register on Saturday, August 11, 2018


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

204
27 shares, 204 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *