за

Mercedes 190 уште пред 30 години возеше на струја

Mercedes 190 уште пред 30 години возеше на струја
Mercedes 190 уште пред 30 години возеше на струја

Штутгарт денес има посебна марка за електрични возила под името Mercedes EQ. Зад технологијата во EQC, EQV, а наскоро и EQS, EQA и бројни други модели, стојат искуства што се стекнувани со децении наназад. Следи едно историско поглавје што открива многу изненадувачки факти од денешно гледиште.

Мај 1990 година. Mercedes на саемот за иновации во Хановер претставува изведба на 190 што е преправена да вози на струја. Идејата е да се провери функционирањето на сите компоненти во услови на вистински сообраќај, со сите забрзувања, температурни промени и вибрации што се случуваат при возењето.

Во електричниот Mercedes 190 се проверуваат најразлични конфигурации на погон и батериски системи. Притоа се користат батерии на база на натриум-никел-хлорид или натриум и сулфур. Овие батерии се одликуват со повисока енергетска густина во споредба со класичните оловни батерии, односно акумулатори. Меѓутоа, работната температура на овие батерии се движи околу 300 степени Целзиусови. Поголем интерес за возилото покажуваат само стручните кругови.

Една година подоцна, јавноста повеќе се интересира за техниката, кога Mercedes претставува нова верзија на електричниот 190 на салонот во Женева. Двете задни тркала добиваат погон од по еден електромотор со моќност од 16 киловати (22 КС), односно вкупната моќност е 44 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Енергијата доаѓа од натриум-никел-хлорид батерија. Електричниот Mercedes тежи само двестотини килограми повеќе од обичниот модел.

Браншата тогаш почнува да се загрева за електромобилноста, откако во Калифорнија се изгласува закон за воведување на „возила со нулта емисија“. Mercedes е меѓу бројните марки што ја развиваат техниката. Во 1992 година, започнува масовно тестирање на електро возила од повеќе марки на германскиот остров Риген. Тестот трае до 1996 година, а германската влада вложува во него 60 милиони германски марки. Во проектот учествуваат вкупно 60 автомобили и комбиња.

Mercedes испраќа 10 примероци од електричната W 201 на островот Риген. Преправката и вградувањето на електричниот погон се врши рачно. Возилата полнат струја на посебни станици, опремени со сончеви колектори.

За една година извозени 100.000 километри со електричниот Mercedes 190

Возилата на германскиот остров се користат во секојдневието, вклучувајќи дури и такси служба. Нема никакви технички проблеми или потешкотии, техниката функционира беспрекорно. Едно од возилата минува 100.000 километри за една година, без каков било проблем.

Денес, исто како и тогаш, јавноста го поставува истото прашање. Зошто не продолжиле тестирањата на електричниот погон и техниката не се воведе порано во масовно производство, како што тоа е случај денес. Еден збор што води кон одговорот: Акциза. Има и многу други „зборови“, сите водат до истиот одговор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kumho избран за добавувач на еко-гуми за Seat Ibiza

Kumho избран за добавувач на еко-гуми за Seat Ibiza

Porsche Taycan

Целиот европски пазар во минус, електричните со рекорден удел од 11%