за

Mercedes ќе произведува автоматски менувачи во Романија

Со инвестиција од 300 милиони евра и нови 500 работни места, Mercedes ќе го прошири производството на автоматски менувачи во Себес, заради задоволување на огромниот раст во продажбата.

Новиот автоматски менувач со девет степени 9G-Tronic ќе почне да се произведува во Романија во 2016 година. Daimler и неговата романска фирма ќерка Star Transmission во петокот го означија почетокот на изградбата на новата фабрика за монтажа. Деветстепениот автоматик се вградува сериски во Mercedes E 350 BlueTec и постепено ќе почне да се користи и во останатите моделски серии и со други мотори.

Фабриката во Себес претставува надополнување на производствениот капацитет во Унтертиркхајм и му овозможува на Mercedes да ја задоволи растечката побарувачка за автоматски менувачи во своите возила. Моделите од семејството на класата А само во првото тримесечие забележаа раст во продажбата од 28 проценти. Голем дел од овие возила се опремени со менувач со двојна спојка, кој дополнително се произведува во Романија од јануари годинава. Mercedes моментно вработува околу 1.200 лица во Романија, од кои 700 се ангажирани во погоните во Себес.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на летни гуми на клубот ADAC

Citroen подготвува модел со 300 КС за Кинезите