за

Mercedes ја прекинува соработката со американскиот партнер Tesla

Батериите и погонската спрега за електричната верзија на класата B на Mercedes пристигаат од Америка. Но, штутгартскиот гигант повеќе нема да соработува со Tesla, туку самостојно ќе ги развива своите електрични модели.

Концернот Daimler ја прекинува соработката со американскиот производител на електрични автомобили Tesla Motors. Моментно Германците ги добиваат батериите и погонската спрега за електричната верзија на класата B од калифорниската фирма, но за идните модели овие компоненти ќе ги произведуваат самостојно. Daimler во 2009 година купи девет проценти од акциите во Tesla, за пет години подоцна да се откаже од своето учество во американската фирма и да инкасира 600 милиони евра од продажбата на акциите. Истиот чекор го направи и Toyota.

Daimler најави големи инвестиции во електричниот погон и веќе направи значително проширување на капацитетите за производство на батерии во фабриката во Каменц, во Саксонија. Половина милијарда евра ќе се инвестираат за трикратно зголемување на овие капацитети, чијашто изградба е планирано да заврши во средината на следната година.

За 2018 година се најавува нова генерација модели со електричен погон и значително зголемен досег, вклучувајќи и модел на база на спортскиот теренец GLC, кој со едно полнење на батериите ќе може да измине до 500 километри. Паралелно со овој модел ќе стартува и следната генерација на B-Class Electric Drive со сопствена технологија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Швајцарска фирма ја враќа BMW Isetta како електричен автомобил

Alfa Romeo ја прикажа обичната верзија на Giulia