за ,

Mercedes тестира со биогориво добиено од слама

Електричните автомобили им го одвлекоа вниманието на производителите од биогоривата. Mercedes повторно се навраќа на темата и тестира со биогорива добиени со новата технологија.

Mercedes започна тестирање на биогорива од втората генерација во секојдневни услови на возење. Во едногодишниот заеднички проект со производителитена горива Haltermann и Clariant ќе се користи синтетски етанол добиен од слама.

Етанолот нема да се користи во чиста форма, туку во 20-процентна мешавина со супер бензин. Крајниот производ се нарекува Sunliquid 20 и без проблеми може да се користи во актуелните бензинци на Mercedes со директно впрскување на гориво. За разлика од биогоривата од првата генерација, за коишто се користеа главно индустриски растенија како репка и шеќерна трска, при производството на новата генерација на горива не се посегнува во ланецот на производство на прехранбени продукти. Емисијата на СО2 во споредба со стандардниот бензин се намалува за околу 20 проценти.

Биогоривата од втората генерација во почетокот на 2000-те години важеа како една од најважните идни технологии за намалување на емисијата на СО2. Повеќето производители тогаш планираа за кус рок да ги приспособат своите мотори за синтетски горива во чиста форма. Неколку прототипи успешно ги завршија тестирањата. Потоа идејата замре, меѓу другото и поради недостатокот од земјоделска површина и капацитети за производство на синтетски горива. Покрај тоа, производството на горивата беше скапо.

Можно е целулозниот етанол да го замени биоетанолот од првата генерација во горивото E10, со цел да се постигнат целите на ЕУ за заштита на животната средина. Исто така се размислува и за зголемување на соодносот на мешање на биогоривото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италија во шок: Fiat се сели во Холандија

Серијата 5 на BMW ќе добие трицилиндарски мотори