за

Mercedes стартува со производство на GLC во Кина

Пекинг е втора локација на којашто се произведува новиот GLC, покрај матичната фабрика во Бремен. Mercedes ќе произведе вкупно 200.000 возила во кинеската фабрика до крајот на годинава.

Само половина година откако стартуваше производството на компактниот GLA, во фабриката на Mercedes во Кина следува и вториот спортски теренец, моделот GLC. Вчера во фабриката на Beijing Benz Automotive Co. (BBAC) во Пекинг беше свечено одбележан почетокот на производството на новиот GLC, спортскиот теренец на база на класата C. Претходникот GLK во фабриката се произведуваше уште од 2011 година.

Хубертус Троска, одговорен за Greater China: „GLC несомнено ќе го продолжи успехот на нашите спортски теренци во Кина“
Хубертус Троска, одговорен за Greater China: „GLC несомнено ќе го продолжи успехот на нашите спортски теренци во Кина“

Проширените погони за монтажа и изработка на каросерии покриваат површина од вкупно 250.000 метри квадратни, што е повеќе од 20 фудбалски терени. Кина е веќе најголем пазар за моделските серии GLA и GLK. До завршетокот на годинава во BBAC за првпат ќе се произведат над 200.000 возила.

Во новите производствени хали се користат најмодерните производствени системи, процеси и технологии на Mercedes, вклучувајќи 800 роботи во изработката на каросериите. Тоа е гаранција дека возилата на марката произведени во која било фабрика во светот ги исполнуваат истите стандарди за квалитет како во германските фабрики на Mercedes.

Со стартот на GLC беше одбележана и десетгодишнината од основањето на заедничкото претпријатие BBAC. Фабриката во Пекинг е воедно и прва во светот што започна со производство на мотори за моделите на Mercedes, надвор од Германија. Дури 60 проценти од компонентите во кинескиот GLC се произведуваат локално. Моделот со ставки во опремата што се изведени специјално за кинеските купувачи ќе биде претставен на салонот во Гангжу во ноември.

Пекинг е втората локација на којашто се произведува новиот GLC, покрај матичната фабрика во Бремен
Пекинг е втората локација на којашто се произведува новиот GLC, покрај матичната фабрика во Бремен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородна Honda: Јапонците повторно ќе владеат со автомобилскиот свет

На ова треба да се внимава при изборот на моторното масло