за

Mercedes стартуваше со производство на кабриолетот од класата S

Во фабриката на Mercedes во Зинделфинген денес е произведен првиот примерок од новиот кабриолет од класата S. Од последниот луксузен кабриолет на Mercedes минаа повеќе од четири децении.

Во Зинделфинген започна производството на луксузниот кабриолет од класата S на Mercedes. Како шеста каросериска изведба во гамата на знаменосецот на марката, кабриолетот беше претставен премиерно на салонот во Франкфурт. За првпат по повеќе од 40 години, Mercedes повторно претставува луксузен кабриолет со четири седишта. S-Class Cabrio поседува интелигентно управување со климата, коешто препознава дали покривот е отворен или затворен. Петметарскиот кабриолет со пневматска амортизација поставува нови стандарди и во аеродинамиката, со коефициентот на отпор на воздух cW 0,29.

Осумцилиндарскиот мотор со зафатнина од 4,7 литри во S 500 Cabrio располага со моќност од 455 КС и вртежен момент од 700 њутнметри при 1.800 вртежи. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 8,5 литри на сто километри. За преносот на сила е задолжен деветстепен автоматски менувач. Испораката на новиот S-Class Cabrio ќе стартува во април следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јубилејниот Land Rover Defender вреди 400.000 британски фунти

BMW ги повикува во сервис … детските автомобилчиња Baby Racer