за

Mercedes стартуваше со производство на „долгата“ E-Class во Кина

Mercedes денес го стартуваше производството на продолжената каросериска верзија на E-Class за кинескиот пазар. Возилата се произведуваат во заедничка компанија на Mercedes и кинескиот партнер BBAC (Beijing Benz Automotive Co.) На истата линија се одвива и локалното производство на C-Class. Претходникот на актуелната генерација на моделот исто така се произведуваше во BBAC од 2010 година.

mercedes e-class long

Екстрадолгата верзија на E-Class е наменета за локалниот пазар и во споредба со стандардната изведба на моделот е подолга за 14 сантиметри, односно располага со меѓуоскино растојание од 3.079 милиметри и должина на каросеријата од 5.063 милиметри. Со тоа, патниците на задната клупа добиваат 134 милиметри повеќе простор за колената. Покрај тоа, подолгите задни врати го олеснуваат пристапот и излегувањето од кабината. Повеќе европски производители нудат специјални верзии на своите лимузини со продолжено меѓуоскино растојание, коишто се особено ценети меѓу кинеските купувачи.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричните автомобили ќе ги ублажуваат осцилациите во струјната мрежа

ЕУ изгласа реално мерење на потрошувачката на гориво кај автомобилите