за

Mercedes со рекордна мартовска продажба

Во споредба со ланскиот март, Mercedes продаде за 13 проценти повеќе возила во првиот пролетен месец од годинава, односно 158.523 возила. Три месеци продажбата бележи двоцифрен раст.

Никогаш досега Mercedes не продал повеќе возила во историјата отколку во овој март. Вкупно 158.523 возила се испорачани на клиентите, што претставува плус од 13,3 проценти. Покрај тоа, марката со ѕвездата постигна и најдобра историска продажба во прв квартал (+15,2 проценти), со 374.276 возила. За следниот период се очекува уште поголем раст, откако пред само неколку седмици стартуваше продажбата на новата класа С и на компактниот теренец GLA.

Во Европа се продадоа 76.587 возила на Mercedes, со најголем раст во продажбата во Велика Британија (+19,8%). Покрај тоа, со продадени 25.544 возила, Mercedes повторно е лидер во премиум сегментот на германскиот пазар, пред BMW и Audi. Во САД се испорачани 27.401 возило, при што во зголемувањето од 11,2 проценти најмногу учествува престижната класа Ѕ. Огромен плус од 34 проценти постигна и продажбата во Кина (24.937 возила), со најголем интерес за продолжената верзија на класата Е од локална продукција. Јапонскиот пазар исто така реагира позитивно, со 17.807 возила (+50,3%) – Mercedes и таму е лидер во премиум сегментот.

Продажба по модели во прв квартал од 2014

Класа A, B, CLA, GLA, C и др. 206.566 возила
Класа Е 62.169 возила (+38%)
Класа Ѕ 24.144 возила (+100%)
GLK, ML, GL, G 81.397 возила (+9,6%)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претставена новата Alfa Romeo Giulietta во Аутомобиле СК

Британците купуваат Suzuki како никогаш досега