за

Mercedes сака бандажите да се менуваат како кондури

Дизајнерите на Mercedes стокмија нови бандажи за комплетната моделска понуда, од A до V-Class. За купувачите што сакаат да остават впечаток со бандажи по најнова мода, ова е добредојдено стилско освежување. 

Дизајнерскиот препород на Mercedes се одвива на сите полиња. Бандажи со пречник до 21 инч, дијамантски полирани површини, контрасти меѓу чистата метална површина и лакираните подрачја на бандажите – тоа ги одликува бандажите што дизајнерите на Mercedes ги стокмија за сите модели од својата понуда, почнувајќи од најмалечкиот A-Class, до најгабаритниот V-Class. Нов тренд според дизајнерите на марката со сребрената ѕвезда се дополнителни тенки краци, кои прават контраст со главните краци на бандажот.

Автомобилистите сепак не веруваат многу на зборови, ова се новите бандажи на Mercedes на слика и дело:

A, B и CLA-Class

  • Со 5 двојни краци и дополнителни краци (18 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полирана
  • Големина: 7,5 J x 18 офсет 52

Mercedes A-Class

C-Class

  • Со 10 краци (19 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полиран раб на бандаж
  • Големина: 7,5 J x 19 офсет 44

Mercedes C-Class

GLC

  • Со 6 краци (19 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полирана
  • Големина: 8 J x 19 офсет 38

Mercedes GLC, 19"

  • Со 5 краци (20 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полирана
  • Големина: 8,5 J x 20 офсет 40

Mercedes GLC, 20"

E-Class

  • Со 5 краци (18 инчи)
  • Површина: тремолит-металик, дијамантски полирана
  • Големина: 8 J x 18 офсет 43

Mercedes E-Class

GLE

  • Со 10 краци (21 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полирана
  • Големина: 9 J x 21 офсет 53

Mercedes GLE

S-Class Coupé

  • Со 10 краци (20 инчи)
  • Површина: хималајски сива, мат
  • Големина: 8,5 J x 20 офсет 36

Mercedes S-Class

SL

  • Со 5 краци и дополнителни краци (19 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полирана
  • Големина: 8,5 J x 19 офсет 35,5

Mercedes SL

SLC

  • Со 5 краци и дополнителни краци (18 инчи)
  • Површина: Мат црна, дијамантски полирана
  • Големина: 7,5 J x 18 офсет 42

Mercedes SLC

  • Со 5 двојни краци (18 инчи)
  • Површина: Тремолит-металик, дијамантски полирана
  • Големина: 7,5 J x 18 офсет 42

Mercedes SLC, 18"

V-Class

  • Со 16 краци (19 инчи)
  • Површина: Црна, дијамантски полирана
  • Големина: 8 J x 19 офсет 52

Mercedes V-Class

Секој нов бандаж во понудата на Mercedes мора да ги исполнува строгите норми на производителот, коишто се над законски пропишаните вредности. Се вршат обемни тестирања што симулираат реални услови на возење и контроли во најсовремени рентенски апарати. За дијамантски полираните бандажи се предвидени специјални тестирања, како прскање со висококорозивна смеша или 28-дневна програма на тестирање во променливи климатски услови.

[FAG id=25013]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Бета-верзија“ на автопилотот ја предизвика трагедијата со Tesla Model S

Renault Alaskan е првиот пикап на Французите