за

Mercedes наскоро ќе ја преземе MV Agusta?

Од минатото лето кружат шпекулациите дека концернот Daimler планира да влезе во италијанската марка мотоцикли MV Agusta. Веќе во ноември ќе се знае исходот.

Со влезот на концернот Daimler во култната марка мотоцикли MV Agusta ќе се постигне значително проширување на глобалното присуство на италијанската марка, меѓу другото со користење и на постојната продажна мрежа на Daimler. Најголемо пазарно проширување се очекува во Азија и во САД. Daimler планира удвојување на прометот на MV Agusta на 200 милиони евра.

Продажните бројки на благородната марка мотоцикли со широка понуда на модели се доста скромни, но од година в година растат и за оваа година се очекува продажбата да достигне 10.000 примероци. Голем поттик за продажбата доаѓа и од враќањето на марката во натпреварувачката серија Супербајк. Џовани Кастиљони, директорот на MV Agusta, повеќепати досега настапи со ставот дека марката се наоѓа во фаза во којашто задржувањето на континуитетот во развојот е можно само со значителна инвестиција отстрана.

Влезот на Daimler во MV Agusta би бил втор случај голем производител на автомобили од Германија да се вклучи во индустријата на мотоцикли, откако Audi во 2012 година ја презеде угледната италијанска марка мотоцикли Ducati. Ривалот BMW отсекогаш ги имал мотоциклите во својата понуда, произведувани во фабриката во Берлин.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda ќе ги врати хибридните модели во Европа

Daimler се откажа од акциите во електро-специјалистот Tesla